Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Рак
Ова е интересна комбинација која функционира многу подобро одошто повеќето луѓе мислат. Кога грижливиот Рак ќе го сретне ултрасамоуверениот и сексапилен Овен, не постои сомнеж дека за кусо време тие ќе оформат љубовна и сексуална врска. Искри ќе летаат на сите страни кога Ракот ќе му даде кураж и восхит на Овенот, кои нему навистина му се потребни. Овенот во врската со Ракот гледа иднина и личност со која сака да создаде фамилија. Воедно, тој не може, а да не му се восхитува на сензуалноста и лојалноста на Ракот кон другите.
За возврат Ракот на Овенот му дава домашен мир и чувство на безбедност во финансиските и фамилијарните односи. Овенот пак, на Ракот му пружа романса, страст и секс, за кој тој отсекогаш мечтаел. Овенот исто така, може да му помогне на срамежливиот и повлечен Рак повеќе да се социјализира и да биде во центарот на вниманието, каде што и обајцата ќе можат да уживаат. Пријателите и поранешните љубовници ќе бидат фасцинирани и љубоморни од тоа како овие двајца се надополнуваат и балансираат.
Ракот и Овенот можат да создадат прекрасен дом заедно. Овенот ќе му го разведри животот на Ракот, додека тој ќе му обезбеди сексуална стимулација, по која Овенот отсекогаш трагал. Ракот секогаш ќе биде во тек со чувствата на другите, вклучувајќи ги и оние на Овенот. Овенот може да го научи Ракот дека самодовербата може да ги одведе секаде каде што сакаат да бидат.
Маж Овен и жена Рак
Жената Рак е инстинктивна и се раководи од енергија базирана на безбедност, додека мажот Овен е бестрашен и живее за моментот. Кога овие двајца се во врска, можат да имаат пречки на патот кон успехот. Таа може да има проблем да се справи со неговиот директен карактер бидејќи Овенот може да почне да се кара од ситница, додека таа е мирна и пасивна. Овенот треба да биде внимателен со нејзината сензитивност, доколку сака оваа врска да успее.
Сексуално овие двајца се жешки и нежни. Таа е внимателна за секоја физичка желба на нејзиниот маж и ќе го милува неговото тело, додека тој не почувствува неизмерно задоволство. За возврат, тој ќе биде страстен и директен, па честопати ќе ја грабне в раце и ќе ја натера, инаку пасивната жена Рак, веднаш да се активира и да премине на „главното“.
Жена Овен и маж Рак
Врската помеѓу жена Овен и маж Рак може да биде вистински предизвик. Таа е директна и груба, додека тој е сензитивен и има променливо расположение. Оваа врска може да се претвори во лов на чувства и его. Тие можат да бидат среќни, само доколку се спремни да учат еден од друг. Таа ќе мора да научи да се грижи за емоциите на нејзиниот маж Рак, а тој ќе треба да научи како да се спротивстави на неговите најдлабоки стравови поврзани со неговата жена Овен.
Помеѓу нив двајца постои моќно интуитивно поврзување, кое ја засилува нивната привлечност еден кон друг. Воопшто нема да биде изненадување доколку нивните први состаноци родат убава, долготрајна романса.