10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Сподели

Сигурно веќе знаете колку е важно да пиете вода. Но дали пиете доволно? Ако избегнувате да пиете вода бидејќи ви е „здодевна“, не сте единствените. Истражувањата покажале дека дури 43% од возрасните не пијат доволно вода. Но, постои начин да ја направите водата малку позабавна. Спа водата е вода во која додавате овошје, зеленчук, тревки, па дури и цветови да цел да ѝ го подобрите вкусот. Вкусна е и речиси и да нема калории. Во продолжение погледнете 10 едноставни рецепти за спа вода.rn

Реклама

ОСВЕЖИТЕЛНИ ИДЕИ

rnОвие комбинации се совршени за секој период од годината. Најдобри се за летните месеци бидејќи овошјето е сезонско.rn

1. Јагоди, лимон и босилек

rnАко сакате малку летен вкус, оваа комбинација е совршена. Јагодите и босилекот се заштитни летни вкусови, па се одлични за високите температури.rn

2. Боровинки, портокал и нане

rnАко не сакате лимон, можете да употребите портокал. Цитрусот и нането се освежителна комбинација полна со витамин Ц и антиоксиданси.rn

3. Јагоди и мајчина душица

rnМајчината душица ќе ви го подобри расположението и ќе ви го намали стресот. Оваа тревка содржи и витамин Б6 којшто го намалува гадењето во текот на бременоста. Има одличен вкус во комбинација со јагоди.rn

ДЕТОКСИКАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ

rnВодата за детоксикација не е ништо ново. Овие рецепти ги содржат најпознатите продукти за детоксикација како лимон, краставица и ѓумбир.rn

4. Лимон, лимета и зелен чај

rnЗелениот чај е познат по тоа што помага во регулирањето на телесната тежина. Па, прескокнете ги газираните пијалаци и во водата ставете зелен чај, лимон и лимета.rn

5. Краставица, јагоди и киви

rnКраставицата изгледа како да содржи само вода, но тоа не е точно. Таа има состојки наречени стероли кои се одлични за регулирање на шеќерот во крвта.

Продолжува на следната страница…

Популарно

Може ќе ве интересира