Изложени сте на многу стрес? Одберете една карта и дознајте што треба да направите

Изложени сте на многу стрес? Одберете една карта и дознајте што треба да направите

Живееме во свет што изобилува со стрес, па затоа и воопшто не треба да нè изненадува тоа што и самите ние постојано сме нервозни и анксиозни. Па, што можеме да направиме кога сме соочени со овие животни предизвици? Постојат одредени активности што ќе ви помогнат да се приземјите, да се центрирате и да не изгубите контрола над вашите емоции и мисли. Одберете една од овие карти и дознајте точно која активност најмногу ќе ви помогне да се изборите со стресот…

1. Поминувајте време во природа

Времето поминато во природа е најдобриот начин да го намалите стресот. Без разлика дали станува збор за обична прошетка или за некаква физичка активност, вие автоматски ќе се одвоите од вревата на животот и ќе се наполните со свежа енергија. Природните елементи исто така ќе ви помогнат да се вратите на основата, односно да се сосредоточите и приземјите.

2. Креативност

Понекогаш можеме да го пренасочиме нашиот фокус од тоа што нè предизвикува со помош на нашите уметнички/креативни дарби како на пример, танцување, пишување, сликање, пеење, свирење… Ова отвора простор за побрзо и полесно справување со стресните ситуации во нашиот живот. Многу луѓе веднаш преминуваат во еден вид медитативна состојба за време на овие активности и постигнуваат кристално чиста јасност за тоа што им се случува.

3. Детоксикација на умот, телото и духот

Нема стопроцентно докажан начин за заштита на вашата аура. Токму затоа и мора постојано да ја одржувате вашата духовна хигиена. Поминувајте доволно време се себе, спијте доволно, исхранувајте се здраво, исфрлете ги нездравите размислувања, емоции и тешки енергии од умот, телото и духот… Ова се само дел од начините на кои можете да создадете здрави граници помеѓу енергијата и физичкото тело.

Одберете и една од овие карти, кликнете на неа и дознајте што пропуштате во истиот овој момент…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар