Едноставно шпанско кафе за пролетно заблажување на душата

Едноставно шпанско кафе за пролетно заблажување на душата

Уживајте во вкусот на овој шпански рецепт

Потребни состојки:
  • 900 милилитри свежо подготвено филтер кафе
  • 180 милилитри ликер од кафе
  • 6 кафени лажички кафеав шеќер
  • Шлаг пена
  • Чоколадни спирали
Начин на подготовка:

Поделете ги ликерот и шеќерот во 4 шолји, а потоа додајте го и кафето. Земете го омиленото чоколадо и од него, со помош на нож за мачкање, полека излупете тенки „спирали“. Декорирајте со шлаг пената и врз неа поставете ги чоколадните спирали. Послужете веднаш.

Ако ви се допадна овој рецепт, тогаш пробајте го и ова шпанско кафе со бренди!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар