5 документарни филмови што треба да ги изгледате за проширување на свесноста за менталното здравје

Сподели

Мај е познат како месецот за проширување на свесноста за менталното здравје, и токму затоа е еден од најважните месеци во годината. Без разлика дали вие се соочувате со ментални проблеми или некоја ваша блиска личност, оваа состојба има влијание на сите околу вас. Таа може да се претвори во навистина тешка борба и понекогаш е скоро невозможно да се справите со неа без поддршката од најблиските.

Реклама

И покрај тоа што постојат многу стигми што дополнително ја отежнуваат грижата за менталното здравје, постојат и неколку прекрасни документарци што можат да ви помогнат да се разберете подобро, или пак, да разберете блиска личност што минува низ слични проблеми. Тие опфаќаат голем број теми, од проблеми со зависноста и општи нарушувања на менталното здравје до полициска бруталност.

Иако овие документарни филмови се добри за гледање, сепак имајте на ум дека можат да предизвикаат несакани чувства кај оние што минуваат низ истите проблеми, па препорачливо е да се гледаат со придружба и да се прекинат во истиот момент доколку ви предизвикуваат некаков немир.rn

1. Едноставно комплицирано (Simply Complicated)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZWTlL_w8cRA

Теми што се обработуваат: Самоповредување, биполарно нарушување, завиност

Овој документарен филм ги следи личните битки на Деми Ловато со менталното здравје и зависноста додека е под будното око на јавноста. Таа е и наратор на документарецот, и е брутално искрена за многуте грешки што ги направила за време на нејзината кариера.rn

2. Бегање од лудото (Running from Crazy)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=FsyjQ0f00zE

Теми што се обработуваат: Злоупотреба на супстанци, ментални болести, самоубиство

Овој документарен филм се фокусира на трите ќерки на Ернест Хемингвеј, кои се самоубиле и нивните битки со менталните болести и зависноста.rn

3. Тенко (Thin)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=AL3FeQU4HjU

Теми што се обработуваат: Нарушување на исхраната

Станува збор за четири млади жени што бараат помош за нарушување на исхраната во Центарот Ренфрју во Флорида. Овој документарен филм ни покажува точно како овој проблем влијаел на животот на жените и нивните врски.rn

4. Вонземјанско момче: Животот и смртта на Џејмс Час (Alien Boy: The Life and Death of James Chasse)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=qkn3MGt5Zuk

Теми што се обработуваат: Шизофренија, полициска бруталност

Овој документарен филм ја испитува смртта на шизофреничарот Џејмс Час, кој бил убиен од страна на полицијата. Имаме можност да го следиме целиот случај што се водел по трагичниот настан, како и победата на неговото семејство во судницата што им донела 1,6 милиони долари.rn

5. Не ме нарекувај луд (Don’t Call Me Crazy)

rnhttps://www.youtube.com/watch?v=mVFonB-VVmI

https://www.youtube.com/watch?v=T-QfpYtyxhw&t=501s

https://www.youtube.com/watch?v=DdLg0J9acO8&t=5s

Теми што се обработуваат: Нарушување на исхраната, суицидни мисли, депресија и други ментални проблеми

Оваа документарна серија во три дела ги следи животите на британските тинејџери што добиваат третмани со цел да ги надминат и менаџираат своите ментални проблеми. Снимањето траело цела една година.

Прочитајте и зошто кај добрите луѓе постојат поголеми шанси дa имаат проблеми со менталното здравје!

Популарно

Може ќе ве интересира