7 начини да воведете традиции за да имате долга и стабилна врска
Долгите врски имаат и добри и лоши денови, а за да бидат успешни, освен што од една страна е потребна динамика, од друга пак, важни се и заедничките навики, ритуали и традиции кои даваат стабилност на односот. Со текот на времето вашата врска се развива и добива конкретен облик, но секогаш треба да постои барем една традиција со која и двајцата партнери ќе се чувствуваат удобно, без да се плашат од промени. На пример, доколку воспоставите навика еден ден во неделата да одите во кино и ја задржите и во следните години, во иднина секогаш ќе се сеќавате на убавите и безгрижни времиња кога започнала таа традиција.
Традициите се одлични за парот секогаш да има причина да сподели нешто важно и за двајцата, ја продлабочуваат поврзаноста и прават партнерите да се чувствуваат сакани и ценети во меѓусебниот однос. Ова се седум начини на кои можете и вие истото да го направите за вашата врска:
1. Секоја вечер легнувајте си во исто време
Ако и двајцата си легнувате во исто или слично време навечер, ќе го завршите денот со повеќе бакнежи, прегратки и нежности, но и со поквалитетен сексуален живот. Секако, ова не може строго да го контролирате секој ден, бидејќи сè зависи од обврските, но трудете се да го применувате секогаш кога е возможно.
2. Имајте свое посебно место
Ова може да биде клупа во парк, кафуле, ресторан, улица… Важно е тоа да ве потсетува на вашата љубов и секогаш кога сами поминувате покрај тоа место, да чувствувате дека сакате што побргу да се видите со својот партнер. Исто така, не делете го ова место со други личности, бидејќи треба секогаш да ве потсетува на вашата врска.
3. Славете ги јубилеите
Доколку чувствувате потреба да прославите годишнина од запознавање, од првиот бакнеж, од првиот секс, од кој било заеднички значаен датум, правете го тоа. Со самото тоа што славите, всушност покажувате почит кон она што заеднички сте го граделе. Прославете заедно за секогаш да може да се сетите зошто ја сакате таа личност.
4. Заедничко славење празници
Празниците се одличен начин да правите заеднички активности и истите да ви станат годишна традиција. Така лесно ќе можете да се сеќавате и на датумите, а веќе следната година ќе се потрудите тој ден да го направите посебен и за двајцата.
5. Не заборавајте на состаноците
Еднаш неделно или еднаш на две недели можете да излегувате заедно, сами, без друштво или пак да останете дома и да се посветите еден на друг. Не заборавајте на ваквите денови, бидејќи на овој начин поминувате значајно време насамо и целосно си го посветувате еден на друг.
6. Имајте заедничко хоби
Уште еден важен момент од секоја врска е партнерите да имаат заеднички интереси и хобија. Дури и наједноставните активности и ритуали, како што се заедничкото пиење кафе додека читате или трчањето попладне, во врската ќе обезбедат безбедност и стабилност и за двајцата.
7. Пишувајте си писма
Тоа може да бидат и кратки пораки напишани на парче хартија, а во време на СМС, Вајбер и Месинџер, рачно напишаната порака ќе направи вашиот партнер да не заборави дека е сакан и важен за вас. Правете го тоа кога прославувате годишнина или пак, без посебен повод.
Прочитајте и кои 3 емоции мора да ги чувствувате за да опстане вашата врска.