8 митови за женскиот оргазам во кои уште се верува

8 митови за женскиот оргазам во кои уште се верува

Женскиот оргазам и до денеска често е проследен со многу митови и чудни верувања, што некои дури го опишуваат и како мистериозен. Исто така, многу влијае и табуизирањето на оваа тема како срамна и непријатна, а особено неточно е тоа дека жените смеат да чувствуваат сексуално задоволство само кога се вљубени или кога се во врска. Поради тоа, перцепцијата е дека жените се помалку сексуални, повеќе емоционални, a поради тоа и неправедно скриени зад митовите за оргазмот.

8 митови за женскиот оргазам во кои уште се верува

Мит 1: Жените чувствуваат оргазам само при пенетрација

Досега сме чуле и прочитале дека клиторисот е најважниот дел од интимата на жената кога се во прашање оргазмите. Исто така, потпомагачи на овој мит се и многубројните реклами за производи кои гарантираат подобар перформанс на мажите, особено за продолжена ерекција. Секако, пенетрацијата е главниот дел на сексот, но постојат и многу други видови стимулација, особено на клиторисот, за да може жената да постигне оргазам. Статистиката вели дека само една од четири жени има оргазам при вагинална стимулација, додека остатокот успеваат да го постигнат врвот со помош на клиторисна стимулација.

Мит 2: Вагиналните оргазми се супериорни

За овој мит е виновен Фројд, кој направил дистинкција меѓу вагиналниот и клиторисниот оргазам, нагласувајќи дека вагиналниот е супериорен во однос на другиот. Но, во реалноста не постои само едниот или другиот вид оргазам, туку тие се надополнуваат меѓусебно. Едни велат дека клиторисниот оргазам е подобар, други пак навиваат за вагиналниот, но во секој случај, најважно од сè е тоа што каков и да е, оргазмот е добар.

Мит 3: За повеќе од жените е тешко да се достигне оргазам

Постои популарно верување дека на жените им треба многу повеќе време и „работа“ за да достигнат оргазам, но тоа всушност зависи од самата активност. На пример, при самозадоволување, жена може да постигне оргазам и за помалку од 4 минути, но за време на реален секс зависи од многу повеќе фактори, како што се предиграта, стимулацијата, позата, но и самиот сексуален перформанс. Оние 5-10% од жените кои никогаш не почувствувале оргазам, всушност не се свесни за своите капацитети или им е непријатно да ги истражат.

8 митови за женскиот оргазам во кои уште се верува

Мит 4: Мора да постигнеш оргазам за да имаш добар сексуален живот

Дури и оние кои никогаш не постигнале оргазам, може да имаат одличен сексуален живот. Благодарение на контактот кожа со кожа, воспоставуваат блискост со партнерот и ја зголемуваат интимноста и блискоста, што исто така носи задоволство и уживање. Всушност, оргазмот не е основата на сексот. Нашето тело е преполно со ерогени зони кои сексуалната игра може да ја направат неповторлива.

Мит 5: Женските и машките оргазми се различни

Постои верување дека женскиот оргазам носи повеќе задоволство и емоционална блискост отколку машкиот. Вистината е дека описите кои доаѓаат и од мажи и од жени се доста слични. Исто така, користат и сличен вокабулар за да го опишат искуството. Иако доаѓаат од различни органи, всушност чувството е многу слично, речиси исто.

Мит 6: Сите сопственички на вагина можат да постигнат повеќе оргазми

Терминот „повеќекратните оргазми“ се користи како доказ за тоа колку се различни жените од мажите. Но, во реалноста, само мал дел од жените успеале да имаат повеќекратен оргазам и тоа не при секој сексуален однос. Клиторисната стимулација по постигнат оргазам може да биде доста непријатна, но партнерот очекува дека тие ќе продолжат со активноста додека и мажот да го постигне оргазмот. Во овој случај не се работи за некоја натприродна способност на жените, туку тие многу полесно собираат сила за да продолжат со сексот, па затоа може да им се случи понекогаш да имаат 2 или 3 оргазми, додека нивниот партнер да постигне еден.

8 митови за женскиот оргазам во кои уште се верува

Мит 7: Женскиот оргазам еволуирал за репродуктивни потреби

Некогаш се веруваше дека оргазмот постои за полесно да се вовлече ејакулатот и да се задржи во матката, за да се зголемат шансите за зачнување. Според понови научни истражувања, воопшто не постои поврзаност меѓу овие две нешта.

Мит 8: На жените им е потребна емоционална поврзаност за да постигнат оргазам

И ова е едно од популарните верувања кога е во прашање сексуалното задоволство на жените. Сепак, многу жени успеале да имаат одличен сексуален живот без да имаат емоции кон другиот. Сексот без обврски е многу популарен и сè повеќе личности кои не се подготвени за емотивна врска се впуштаат во ваков вид односи поради заемно задоволство. Секако, постојат и такви кои не успеваат да постигнат оргазам ако не се вљубени, но во принцип, жените имаат многу повеќе контрола врз своите задоволства и апетити отколку што кој било може да замисли.

Прочитајте ги и овие 6 работи кои се случуваат секогаш кога ќе одглумите оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар