Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

На секои две до три години, Националната фондација за наука во САД спроведува анкета меѓу граѓаните за да го процени нивното општо познавање на физиката и биологијата. Но, на овие прашања „паднале“ дури и оние кои имаат високо образование. Нивниот резултат, сепак, бил подобар отколку на општата јавност, но далеку од задоволителен.

Последен пат ваков тест е спроведен во 2016 година, а се паднале овие прашања:

1. Вистина или не? Во центарот на Земјата е многу жешко.

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

85% од испитаниците одговориле точно. 89% од испитаниците со високо образование имале точен одговор.

  • Одговор

    Вистина – Проценето е дека јадрото на Земјата е топло околу 6.000 степени Целзиусови.

2. Вистина или не? Континентите се движеле во текот на милиони години и ќе го прават тоа и во следните милиони години.

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

На ова прашање точно одговориле 81% од испитаниците. Вкупно 87% од учесниците со високо образование одговориле точно.

  • Одговор

    Вистина – Некогаш целото копно било едно, познато под името Пангеа, суперконтинент кој се скршил како последица на тектонските движења, формирајќи нови засебни континенти.

3. Дали Земјата се врти околу Сонцето, или Сонцето околу Земјата?

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

Само 73% од испитаниците го избрале точниот одговор, од кои најголем дел оние со високо образование.

  • Одговор

    Земјата се врти околу Сонцето, поради што овој планетарен систем е наречен Сончев систем.

4. Вистина или не? Човекот ја создал радијацијата.

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

70% од општата јавност одговорила точно на прашањево. Од вкупниот број испитаници со високо образование, точно одговориле 80%.

  • Одговор

    Погрешно – Сонцето и ѕвездите емитираат космичка радијација која навлегува во земјината атмосфера. Исто така, и голем број хемиски елементи во природата имаат мали периоди на полураспаѓање, поради што зрачат со поголема или помала радиоактивност.

5. Вистина или не? Електроните се помали од атомите.

Лесни научни прашања што може да ги збунат и оние најсигурните во своите знаења

Генерално, на ова прашање погрешно одговориле 48% од испитаниците.

  • Одговор

    Вистина – Електроните се всушност дел од самиот атом и имаат многу помала маса отколку атомското јадро.

Продолжете на следната страница за преостанатите 5 прашања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар