Разочарувачко сознание: Кога жените престануваат да изгледаат младо?
Индустријата за подмладување е еден од најисплатливите бизниси на денешницата. Се проценува дека во 2021 година, производството на лосиони, серуми и додатоци во исхраната кои ветуваат побавно стареење ќе вреди повеќе од 216 милијарди долари. Но, што ако ви кажеме дека и покрај сиот труд, сепак постои одредена возраст кога жените едноставно престануваат да изгледаат младо?
20-тите години се најбезгрижниот период од животот. Кожата ви е еластична, очите ви блескаат, дигестијата е на ваша страна, а мамурлаците не се толку страшни. За жал, сѐ што е добро, кратко трае. Се чини дека жените почнуваат да изгледаат старо на нивниот 30-ти роденден.
Според неодамнешните истражувања, оваа година Британците ја сметаат за „крај на младоста“. Додека многумина ќе одбијат да поверуваат дека во 30-тите, па дури и во 40-тите години важат за „средовечни“ луѓе, средовечноста навистина почнува во средните 30-ти години.
Ако сакате да се утешите, можете слободно да го земете предвид податокот дека во речникот на Оксфорд стои дека средни години се оние помеѓу 45 и 65 години од животот.
Доколку не сте подготвени да го прифатите ова сознание, можеби ќе ви се допаднат следниве чудни методи против стареење од минатото.