КАФЕ ПАУЗА

Дури и на најсилните девојки им е дозволено да плачат за дечковци

Дури и на најсилните девојки им е дозволено да плачат за дечковци

Силата и бесчувствителноста не одат рака под рака. Можете да бидете силни и независни, но сепак да се чувствувате тажно поради тоа што сте ја прекинале врската. Не мора да се справувате со скршеното срце со главата крената високо. Дозволено ви е да плачете навечер пред да заспиете. Дозволено ви е да му праќате очајни и засрамувачки пораки за да му кажете колку ви недостасува. Дозволено ви е да се распаднете на милион мали парчиња.rnrnДури и на најсилните девојки им е дозволено да плачат за дечковциrnrn rnrnАко сте силни девојки, тоа не значи дека вашето срце никогаш нема да биде рането. Не значи дека ќе можете самоуверено да кажете „Не ми треба дечко“ неколку секунди по неговото заминување. Силните девојки знаат како да застанат на нозе по најлоштети моменти во нивниот живот. Тоа значи дека ќе го преболите со текот на времето, и покрај тоа што не сте можеле да си го замислите животот без него.rnrnМожеби ќе ви треба време. Нема да се разбудите утрото по раскинувањето, среќни и расположени со насмевка на лицето. Дозволено ви е да го озборувате со вашите пријателки и да го критикувате неколку недели. Дозволено ви е да мислите на него доцна навечер иако се сомневате дека тој мисли на вас. Дозволено ви е да бидете повредени. Тоа не е криминал.rnrnПотребно е време за да се преболи некого за кого сте имале вистински чувства, без разлика колку сте силни. Нема ништо лошо во тоа што сте чувствителни. Многу потешко е да се биде ранлив одошто бесчувствителен. Можете да бидете силна девојка на која ѝ недостасува момчето. Можете да бидете силна девојка која се мрази себеси поради тоа што го изгубила момчето.rnrnНе сте имуни на емоциите. Не сте суперчовек. Нема ништо срамно во врска со вашето скршено срце. Сите поминуваат низ истото во одреден период од животот. И покрај тоа што сте силни, ќе има денови кога ќе бидете слаби. Денови кога ќе се прашувате како ќе продолжите понатаму. Денови кога ќе мислите дека не можете да издржите повеќе.rnrnОвие тешки денови ќе ве натераат да се посомневате во себе, но ќе поминат. Наскоро тие ќе се претворат во спомени и повторно ќе застанете на нозе. Срцата на силните девојки можат да бидат скршени, но можат и да заздрават по доживеаната болка. Тие можат да ја преболат љубовта која мислеле дека никогаш нема да згасне, бидејќи знаат колку вредат. Знаат дека ќе најдат некој друг во иднина. Некој кој ќе им го даде сето она за коешто сонувале.rnrnУште поважно е тоа што тие знаат дека нормално е да бидат сингл понекогаш. Ним не им треба никој. Можат да бидат сами. Ќе продолжат да наоѓаат причини за насмевка, без разлика дали имаат до кого да се будат и заспиваат. Силните девојки страдаат од скршено срце исто како и сите останати, но знаат како за кратко време да соберат сила и да излезат од таа состојба. Тие можат повторно да најдат среќа, затоа што знаат дека не им треба врска за да бидат исполнети. Тие веќе имаат доволно работи во животот со кои можат да се гордеат.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено.