Јавните тоалети не се најчистите места што можете да ги посетите, но понекогаш се случува да бидете принудени да ги користите. Тие се користени од многу луѓе, па како резултат на ова во нив се акумулираат многу бактерии и микроби. Постојат неколку правила за безбедно користење на јавните тоалети кои многу луѓе не ги знаат. Погледнете за кои станува збор.rn
1. Користете го најчистиот тоалет
rnКога одите во тоалет, обидете се да го одберете оној што изгледа најчисто. Интересно е што многу луѓе ги преферираат тоалетите кои се подалеку од влезната врата. Па, голема е веројатноста првиот тоалет да биде најчист.rn
2. Не оставајте ги вашите работи на подот
rnНикогаш немојте да ги оставате вашите работи на подот од јавниот тоалет. Микробите од чевлите ќе се префрлат на нив, а потоа и на вашите раце.rn
3. Носете заштита за тоалетна школка
rnНема потреба да ја покривате тоалетната школка со хартија. Набавете заштита за неа која ќе ја фрлите веднаш по употребата.rn
4. Паметно пуштање вода
rnОд очигледни причини, казанчето во јавните тоалети има многу микроби. Па, кога ќе пуштате вода користете тоалетна хартија за да се заштитите.rn
5. Мијте ги рацете со жешка вода
rnИзмијте ги рацете со жешка вода бидејќи тоа е добар начин да се ослободите од микробите. Ако е можно користете сапун. Држете ги рацете под вода барем 20 секунди.
Продолжува на следната страница…

