Цитати за зајдисонца што ќе ви ги стоплат срцата

Сподели

Сите сме се нашле во таа ситуација – сме излегле надвор и ненадејно сме биле воодушевени од тоа што го гледаме пред нас. Маѓепсани од прекрасните бои ширум хоризонтот, ние сме се сретнале со уште едно прекрасно зајдисонце. Тоа е навистина едно од најубавите моменти на Мајката Природа, исто како што пренесуваат овие цитати…

Реклама

rn

„Токму зајдисонцата беа тие што ме научија дека убавината понекогаш трае само неколку моменти, а изгрејсонцата беа оние што ми покажаа дека трпението е сè што е потребно за одново да се доживее искуството.“ – А. Џ. Лолес

rn

„Скоро невозможно е да се гледа зајдисонце и да не се сонува.“ – Берн Вилијамс

rn

„Небото се менува од портокалово до стотици нијанси на розово и потоа станува темно сино, а јас сум тука и сè уште те сакам.“ – А. У.

rn

„Ги обожавам луѓето што се возбудуваат за промената на сезоните, за звукот на океанот, за набљудување на зајдисонцето, за миризбата на дождот и за ѕвездените ноќи.“ – Брук Хамптон

rn

„Ценете ги малите моменти на среќа, бидејќи тие се најважни.“ – Непознат автор

rn

„Зајдисонцата се доказ дека и завршетоците често можат да бидат прекрасни.“ – Бо Таплин

rn

„Тоа беше нејзината магија – таа сè уште гледаше зајдисонца, дури и за време на најтемните денови.“ – Атикус

rn

„Кога ќе застанеш и ќе погледнеш околу себе, животот станува навистина неверојатен.“ – Д-р Сус

rn

„Почекај ме онаму каде што небото го допира морето.“ – Џенифер Донели

rn

„Целиот живот сум заљубена во небото. Дури и кога сè околу мене се распаѓа, небото секогаш е тука за мене.“ – Јоко Оно

rn

„Никогаш не сум сретнал зајдисонце што не ми се допаднало.“ – Непознат автор

rn

„Ништо не може да ја намали светлината што сјае однатре.“ – Маја Анџелоу

rn

„Нејзиното срце беше составено од течни зајдисонца.“ – Вирџинија Вулф

rn

„Единствените зајдисонца што не ги сакам се оние што ги пропуштам.“ – Непознат автор

rn

„Бркајте го зајдисонцето.“ – Непознат автор

rn

„Никогаш не заборавајте дека за прекрасни зајдисонца се потребни облачни неба.“ – Пауло Коелјо

rn

„Секое зајдисонце го носи ветувањето за нова зора.“ – Ралф Валдо Емерсон

rn

„Кога некој ќе ме праша која ми е омилената боја, секогаш велам: ‘Зајдисонце’.“ – Непознат автор

rn

„Таа беше заљубена во зајдисонцето. Никој друг немаше шанса кај неа.“ – Непознат автор

rn

„Сè што отсекогаш сакав е да сонувам за уште едно зајдисонце со тебе.“ – извадок од песната „Jamie All Over“, од Mayday Parade

rnПрочитајте ги и овие моќни цитати од најмистериозниот поет на Интернет кои целосно ќе ви го променат животот…

Популарно

Може ќе ве интересира