Обрнете внимание: Срамежливите луѓе флертуваат на многу суптилен начин!
Тешко е да се препознае дали некој флертува со вас, особено ако се работи за срамежлив човек. Срамежливите луѓе многу тешко се отвораат и речиси никогаш не се осмелуваат да го направат првиот чекор. Сепак, постојат одредени суптилни знаци по кои можете да препознаете дали срамежливите дечко или девојка отспротива флертуваат со вас…
Суптилни гестови
Срамежливиот дечко нема да ви пее серенада под прозорец. Можеби само ќе ви испрати една насмевка од другиот крај на просторијата. Тој ќе се обидува да воспостави контакт со очи, но веднаш ќе го тргнува погледот. Дали забележавте дека онаа срамежлива девојка постојано поминува покрај вас? Можеби на тој начин се обидува да ви покаже дека е заинтересирана за вас.
Се однесуваат чудно
Срамежливите луѓе не се чувствуваат воопшто пријатно додека флертуваат, па може да почнат неконтролирано да се смеат и да петелчат. Понекогаш кажуваат работи што не треба и одговараат чудно на обични прашања. Сфатете го ова како знак дека се заинтересирани.
Стануваат нервозни
Вие сте кажале „Здраво, како си?“, а срамежливите поединци исплашено ве погледнале, се збуниле и промумлале нешто. Тоа значи дека сте ги направиле нервозни, а тоа е знак дека најверојатно им се допаѓате.
Флертуваат онлајн
Можеби сте забележале дека вашите срамежливи симпатии се поотворени онлајн отколку во живо. Тие ги лајкнуваат вашите објави и ви коментираат на фотографиите. Но, сепак понекогаш им треба време за да смислат добар одговор на пораките. Немојте да мислите дека не се заинтересирани, ако не ви одговорат веднаш.
Не сакаат да зборуваат за себе
На срамежливите луѓе не им е пријатно кога целото внимание е насочено кон нив. Па затоа, тие постојано ќе ви поставуваат прашања поврзани со вашиот живот и вашите интереси. На овој начин, тие ќе се спасат, а вие ќе зборувате цело време. Внимавајте на оваа замка!
Случајно ве допираат
Ако вашите срамежливи симпатии постојано наоѓаат можност да ве допрат за рамо или за рака, тоа се нивните знаци на флертување. Но, за да бидете сигурни, обрнете внимание како се однесуваат со други луѓе. На некои поединци физичкиот контакт им доаѓа многу природно.
Се отвораат кога ќе испијат малку повеќе алкохол
Тоа не значи дека треба да ги опијаните, но алкохолот навистина им помага да се опуштат малку. Ако се најдете во ситуација каде што има алкохол, обрнете внимание на тоа како вашата симпатија реагира на флертот. Сигурни сме дека ќе бидат многу посигурни во себе!
Ако се обидувате да започнете врска со срамежлива личност, запомнете дека таа можеби го чека вистинскиот момент за да ви каже како се чувствува. Или можеби не знае како да ви каже дека ѝ се допаѓате, без да звучи глупаво. Доколку ништо не се случува помеѓу вас, а не сте сигурни како се чувствува вашата симпатија, прашајте. Сигурно и вие сте малку срамежливи, но некој мора да преземе нешто. Зошто да не бидете тоа вие?
Суптилните знаци се тешки за препознавање, но постојат и некои очигледни знаци дека тој флертува со вас.