Ако помислата на преголеми цветови и линии ве плаши, смирете се. Всушност, многу е полесно да носите смели принтови отколку што мислите. Во продолжение погледнете неколку совети за почетници кои ќе ви помогнат да го освежите вашиот стил.rn
1. Комбинирајте со црно и бело
rnКонтрастот помеѓу црната и белата боја изгледа прекрасно, а на ова многу е лесно да додадете некој принт. Малку црна боја на принтот ќе направи да изгледате уште подобро.rn
2. Облечете едноставна основа
rnЗа разлика од црното и белото, неутралните тонови му овозможуваат на принтот да дојде до израз. Пробајте да комбинирате беж јакна со шарен фустан. Или пак фустан со боја на песок врз кој ќе облечете шарено палто.rn
3. Искористете ја основната боја на принтот за останатите парчиња
rnАко основата на принтот има иста боја со другата облека, тој нема многу да дојде до израз. Можете да го следите примерот на фотографијата, принт со бела основа и бели панталони. Се разбира, можете да експериментирате и со други бои.rn
4. Додајте нова нијанса
rnАко се чувствувате похрабро, одберете нијанса која е побогата од принтот. Дури и најсветлите бои ќе изгледаат одлично и совршено ќе се вклопат.rn
5. Одберете минимални аксесоари
rnОвде станува збор и за стил и за квантитет. Белите чевли и сините чорапи на фотографијата одлично прилегаат на дезенот на фустанот. Одберете минимални аксесоари и никогаш нема да претерате, дури и ако носите смел принт.
Ако ви е страв да експериментирате, погледнете кои се парчињата облека кои секогаш се во мода и со кои нема да погрешите.

