Мажите откриваат 21 тајна за среќен брак

Мажите откриваат 21 тајна за среќен брак

Многумина се прашуваат која е тајната за среќен брак. Често слушаме за жени кои разговараат на оваа тема, но мажите, особено оние во брак речиси и да не ја спомнуваат. Поради ова, неколку мажи ги споделуваат нивните тајни за среќен брак. Прочитајте ги и можеби ќе научите нешто ново.

mazhite-otkrivaat-21-tajna-za-srekjen-brak-kafepauza.mk

1. Расправајте се за да разберете, не за да победите

„Кога се расправате со вашиот партнер, целта не е да победите. Целта е да најдете решение за некој проблем.“

2. Бидете индивидуално комплетни личности

„Најсилните врски се помеѓу двајца силни и среќни луѓе кои се споиле. А не помеѓу двајца скршени луѓе кои зависат еден од друг за нивната среќа.“

3. Креативноста е клучна

„Бидете креативни. Секој идиот може да ја обожува вашата сопруга. Ова не значи ништо. Наместо тоа, искористете ја вашата креативност за да го подобрите нејзиниот живот. На пример, мојата сопруга има проблем со заспивање. Јас имам енциклопедиско знаење за стари компјутерски игри. Па, секогаш кога си легнуваме, јас играм некоја од овие игри додека таа гледа. Одбирам игри кои се навистина здодевни, за таа да може да заспие.“

4. Бидете си приоритет еден на друг

„Ова е нешто што го научив од бракот на моите родители. Тие секогаш ја ставаа нивната врска на прво место.“

5. Ослободете се од себичноста

„Секогаш имајте на ум што треба да правите за да го подобрите вашиот брак, и тоа не поради вас. Тоа може да биде да не трошите пари на себе, да се преселите за нејзиното работно место или пак да одберете локација од каде што ќе ѝ биде полесно да оди на работа.“

6. Почитувајте ја сопругата и бракот

„Никогаш не кажувајте шеги за сопругата и бракот во јавност.“

7. Орален секс

„Ова нека ви стане хоби во кое ќе бидете најдобри. Помогнете ѝ на сопругата да доживее задоволство.“

8. Поддржувајте се

„Бидете покрај неа дури и кога греши. Помогнете ѝ и дајте ѝ совет. Ќе постојат денови кога без разлика што ќе ѝ кажете таа, ќе го направи она што го замислила. Во тие денови, фатете ја за рака и поддржете ја.“

9. Гответе заедно

„Научете да готвите. Не е толку тешко, а и ќе се забавувате. Ќе бидете навистина среќни кога сопругата ќе ве замоли да ѝ го подготвите омиленото јадење.“

10. Потсетувајте се на вашата посветеност

„Во тешките периоди, кои сигурно ќе ги има, потсетете се дека во ова сте заедно и дека треба да издржите дур да почне убавиот период. Кажете го ова гласно.“

11. Разговарајте секој ден

„Кога ќе се вратите дома, прашајте ја каков ѝ бил денот. Дозволете ѝ да се искаже. Потоа направете го и вие истото.“

12. Дозволете ѝ да се искаже без да се обидувате да помогнете

„Кога сопругата ќе ви кажува за некој проблем, немојте веднаш да нудите решенија. Дозволете ѝ прво да ви каже што ѝ пречи. Момците сакаат да решаваат проблеми и обично разговараат за нив кога бараат решение. Но жените сакаат емпатија и сослушување, а дури потоа предлози за решавање.“

13. Бидете верни

„Никогаш немојте да ја изневерите сопругата. Немојте ни да флертувате со други жени. Дури и ако одите на вечера со пријателка, кажете ѝ на сопругата од почит кон неа, не за да барате дозвола. Немојте да ја лажете.“

14. Внимавајте на парите

„Штедете пари за во иднина да ви биде полесно. Немојте да ги трошите на глупави работи. Тргајте настрана одредена сума и разговарајте како ќе ја искористите.“

15. Одбирајте ги вашите битки

„Немојте да се навредувате. Откажете се од малите работи. Ако таа сака да носите вратоврска, а вие не, подобро е да ја ставите вратоврската и да ја избегнете расправијата.“

16. Покажете внимание

„Гушкајте се без секс. Прегрнувајте ја. Бакнете ја на вратот кога готви. Почесто кажувајте ѝ дека ја сакате.“

17. Бидете најдобри пријатели

„Романтиката и сексот се супер, но бидете и најдобри пријатели. Ова навистина ќе ви го направи бракот забавен и лесен. Бракот со малку труд и со вистинската личност е неверојатно искуство.“

18. Запомнете дека и таа е важна

„Таа е важна. Кога ќе си дојдете дома и таа ќе почне да ви кажува за нејзиниот ден, оставете го телефонот или компјутерот и слушајте ја. Направете да се чувствува како таа да е единственото нешто што ви е важно. Не прекинувајте ја додека зборува. Правете убави работи за неа за кои ви е потребен труд. И после многу години треба да наоѓате начин да ѝ покажете дека ви е важна.“

19. Задржете ја вашата индивидуалност

„Одвојте време за себе. Закажете вечера само со пријателите. Најдете хоби и редовно практикувајте го. Вие сте личност, не сијамски близнаци. Нема потреба сè да правите заедно.“

20. Бакнете ја вистински

„Ако ја бакнувате, направете го тоа правилно, со целото ваше битие. Секогаш бакнувајте ја вистински бидејќи тоа е наједноставниот начин да ѝ покажете дека ја сакате.“

21. Донесете важна одлука пред да започнете – венчајте се со вистинската личност

„Јас и мојата сопруга сме заедно речиси цела деценија. Поминавме низ многу и мислам дека не би биле овде ако не беше нејзиното трпение. Па, мојот совет е да најдете личност која може да се справи и со вашата најлоша страна додека созревате и учите како да бидете маж.“

Погледнете ги и овие правила за успешен и среќен брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар