Трендовите за убавина стануваат сè полуди. Чудната облека и светлите бои повторно стануваат популарни, а овде е и металик козметиката. Кога станува збор за декоративна козметика, еден од најновите трендови се усните со ефект на огледало.rnrn
rnrnБлогерките го постигнуваат овој изглед така што нанесуваат лепак за трепки на усните, а потоа ставаат хартија со рефлектирачка површина.rnrn
rnrnХартијата можете да ја исечете како формата на вашите усни или пак да нанесете неколку мали парчиња. На овој начин усните би изгледале како скршено огледало. По златните усни кои беа вистински хит оваа есен, сега е време да се претворите во подвижно огледало.rnrn
rnrnМожеби ова ќе биде трендот кој ќе го обележи почетокот на 2018-та година. Дали би го пробале овој изглед?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnДали имате слушнато и за трендот веѓи како божиќна елка?
Најновиот тренд за убавина: Усни со ефект на огледало
