Тешко е да се живее без родители. Во некои домови за деца без родители условите се одлични, но во некои, децата не ги добиваат потребните грижа и внимание. Сепак, колку и да се добри условите и колку и да е голема љубовта на негувателките, ништо не може да ја замени родителската прегратка. Токму затоа, посвојувањето за децата без родители претставува еден посебен настан, неизвесен, страшен и возбудлив истовремено. Ова се 8-те работи што само луѓето кои биле посвоени ќе ги разберат…
rn
1. Многу им е значаен денот кога биле посвоени
rnМногу деца сакаат да го прослават денот кога биле посвоени. Тоа е денот кога нивните нови родители официјално ги посвоиле. Тогаш, децата имаат можност да ја покажат својата благодарност и љубов кон семејството.rn
2. Не знаат ништо за нивната медицинска историја
rnОва не важи за сите деца кои биле посвоени, но некои од нив не знаат ништо за семејството од каде што потекнуваат. Тоа значи дека немаат поим дали имаат предиспозиции за некои болести и здравствени проблеми.rn
3. Не личат на нивните родители
rnНекои посвоени деца многу си личат со новите родители, па така никој не може да препознае дека биле посвоени. Но, некои немаат никакви сличности со семејството во кое живеат и понекогаш добиваат чудни погледи од непознатите луѓе кои ќе ја забележат разликата.rn
4. Не ги избрале нивните родители, но тие ги избрале нив
rnПостои една изрека што гласи „Не можете да си го изберете семејството“, но некои луѓе можат! Родителите кои сакаат да посвојат дете имаат можност да изберат едно од домовите. Одбраното дете им е неизмерно благодарно и не може да си го замисли животот без нив.rn
5. Не знаат како изгледа ниту еден член од нивното вистинско семејство
rnПосвоените деца најчесто немаат поим како изгледаат нивните родени мајка и татко.rn
6. Се прашуваат каков би им бил животот кога не би биле посвоени
rnПовеќето од нив најверојатно не би ги имале истите привилегии и луксузи што ги имаат денес. Посвојувањето може да биде вистински благослов, бидејќи нуди шанса за подобар живот.rn
7. Документација
rnПосвојувањето вклучува средување многу документи. Па затоа, на посвоените деца понекогаш им е потешко да добијат лични документи, како што е пасошот на пример. Тоа малку им го комплицира животот.rn
8. Треба да направат разлика помеѓу нивната биолошка мајка и старателка
rnНајчесто, за овие луѓе постои само една вистинска мајка, а тоа е таа што ги посвоила.
Иако не се крвно поврзани со семејството, врската помеѓу нив е многу силна. Посвојувањето е малку невообичаен процес и понекогаш потребно е да се даваат многу објаснувања. Сепак, за повеќето деца без родители, тоа е најубавото нешто што можело да им се случи.
Прочитајте ги и следниве 4 лаги за процесот на посвојување деца во кои мора да престанете да верувате.

