Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Нема ништо посилно од љубовта помеѓу мајката и нејзиното дете, а оваа приказна е одличен пример за тоа. 98-годишната Ејда Китинг му се придружила на најстариот син, 80-годишниот Том, во дом за старци во Ливерпул за да се грижи за него и тие одлично се сложуваат!

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Ејда и нејзиниот починат сопруг Хери имале 4 деца: Том, Барбара, Марги и Џенет, која починала на 13 години. Пред да се пензионира, Том работел како сликар и декоратор. Тој во 2016 година се вселил во дом за старци, затоа што му требало повеќе грижа.

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Ејда и син ѝ се неразделни и обожуваат да поминуваат време заедно. Тие играат друштвени игри и гледаат ТВ серии.

„Му посакувам добра ноќ на Том секоја вечер, а наредниот ден не заборавам да му кажам ’добро утро’. Кога одам на фризер, тој ме бара за да види кога ќе се вратам назад. Кога се враќам, тој ме пречекува со испружени раце за да ми даде силна прегратка“, изјавила Ејда.

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

И Том е задоволен од неговиот живот.

„Вработените се многу добри тука и среќен сум што можам повеќе да ја гледам мајка ми, сега откако почна да живее во домот. Таа навистина знае како да се грижи за мене. Понекогаш ми вели ’Внимавај како се однесуваш!’“, открил Том.

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Сите во домот се трогнати од блиската врска помеѓу мајката и синот.

„Прекрасно е да се сведочи на блиската врска помеѓу Том и Ејди и среќни сме што можеме да им ги исполниме потребите на обајцата. Голема реткост е мајките и нивните деца да бидат сместени во истиот дом за старци и ние даваме сѐ од себе за да им го направиме престојот што е можно попосебен и попријатен“, изјавил Филип Даниелс, менаџерот на домот.

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Како што вели Ејда: „Никогаш нема да престанам да бидам мајка“. Една е мајка, се согласувате?

Една е мајка: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Прочитајте ја и приказната за мајка и син кои си го промениле полот и станале татко и ќерка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар