Како гледаат луѓето во 16 различни физички состојби?

Сподели

Дали сте помислиле дека луѓето околу вас можеби ја гледаат реалноста на сосема поинаков начин? На овие фотографии е претставено како гледаат луѓето во разни физички состојби и на различна возраст.rn

Реклама

1. Здрава возрасна личност

rnВака го гледа светот една здрава и трезна возрасна личност.rn

2. Страбизам

rnСе верува дека личноста со страбизам гледа двојна слика, или пак дека може да гледа на двете страни истовремено. Вистината е дека мозокот на овие личности го игнорира она што го гледа едното око, па сликата не е двојна. Со други зборови, покријте го едното око со вашата рака и ќе откриете како гледаат овие луѓе.rn

3. Миопија (кратковидност)

rnЛичностите со ова нарушување може да ги видат предметите кои се близу до нив, но далечните предмети им се замаглени.rn

4. Хиперметропија (далековидост)

rnОвде ситуацијата е обратна: Луѓето не можат да го видат она што е до нив, но позадината секогаш е јасна.rn

5. Практично слепило

rnОвие луѓе можат да разликуваат бои, форми и светлина. Но, тие се сметаат за слепи бидејќи не можат да водат живот како личност што гледа.rn

6. Доцно губење на видот

rnВака гледаат луѓето кои го изгубиле видот, но сè уште имаат делумна перцепција на светлина. Тие можат да разликуваат светло и темно. Обично овие луѓе гледале, но го изгубиле видот во текот на животот.rn

7. Целосно слепило

rnЦелосното слепило е целосна темница. Но луѓето кои се родени слепи нема да го дефинираат светот како црн или темен, бидејќи тие не знаат што значи црната боја или темнината. Исто така, тие не гледаат ништо ни во своите соништа.rn

8. Далтонизам

rnПостојат неколку форми на далтонизам. Најчестиот е девтеранопија. Кај ова нарушување, сите бои, особено зелената и црвената, ја губат својата јачина.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира