Не е лесно да се биде неверојатно интензивна личност. Таквите поединци најчесто се погрешно разбрани од страна на другите луѓе. Доколку сметате дека припаѓате во групата на интензивни луѓе, нормално е тоа што речиси сите ве нервираат. Најчесто, останатите луѓе сметаат дека интензивниот карактер е нешто што може да се промени, но тоа е далеку од вистината. Емоционалниот интензитет може да биде позитивна особина, доколку се насочи во вистинскиот правец. Ако сакате да дознаете дали сте интензивна личност, прочитајте ги следниве 8 знаци што ќе ви го потврдат сомнежот…rnrn
rn
1. Имате потреба од значајни разговори
rnМногу ве разлутуваат бесмислените разговори. Вие имате потреба да разговарате за работите што навистина ви значат и да остварувате длабоки врски со луѓето околу вас. Немате време за површност.rn
2. Отворено ги искажувате вашите емоции
rnПремногу брзо им се отворате на луѓето и тие веднаш можат да препознаат кога нешто ви пречи. Вие сте многу директни и отворено го кажувате вашето мислење.rn
3. Многу сте грижливи
rnВие сте многу страсни за повеќето работи и подготвени сте да дадете сѐ од себе кога нешто ви значи. Проблемот е во тоа што или имате силни чувства кон нешто или немате никакви чувства. Не постои сива зона за вас, или е црно или е бело. Меѓутоа, кога сакате да постигнете нешто со сето ваше срце, ќе се борите до самиот крај.rn
4. Искрени сте
rnНавистина го мислите сето тоа што го велите и правите. Без разлика дали станува збор за нешто позитивно или негативно, секогаш ја кажувате вистина.rn
5. Луѓето ве сметаат за напорни
rnПоради вашите интензивни емоции, луѓето имаат погрешно мислење за вас дека сте напорни и опсесивни. Не сте опсесивни, само што ги чувствувате работите многу поинтензивно од останатите луѓе.rn
6. Лесно се поврзувате со измислени ликови
rnКога гледате филм или читате книга, вашите омилени ликови се претвораат во вистински луѓе. Вие навистина се поврзувате со нив на такво ниво што повеќето луѓе не би можеле да го разберат.rn
7. Убедливо зборувате
rnНикогаш не кажувате работи што не ги мислите. Секој збор што излегува од вашата уста е внимателно испланиран и обмислен.rn
8. Имате чести промени на расположението
rnВашите емоции ве движат напред, но тие многу често се менуваат. Ова може да биде позитивна или негативна работа.rnrnИнтензивните личности чувствуваат работи што повеќето луѓе не можат ни да си ги замислат. Сѐ е во ред со вас. Иако понекогаш треба да го контролирате емоционалниот интензитет, сепак можете да извлечете значајни придобивки од таквиот уникатен карактер.rnrnПрочитајте ги и 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.