Кои се следните чекори во еволуцијата на човекот?

Кои се следните чекори во еволуцијата на човекот?

Луѓето никогаш не престануваат да еволуираат. Иако цивилизацијата не постои доволно долго за да видиме некои големи промени, сепак со текот на времето се забележуваат некои разлики. Оваа листа ги содржи 10-те најголеми промени кои можеме да ги очекуваме во следните 200.000 години.

1. Моноетничност

(1)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Различните култури се важен дел од денешното општество. Сепак, се очекува луѓето да еволуираат во една единствена етничка група поради постојаното мешање на културите. Луѓето постепено ќе почнат да ги губат карактеристиките на нивната етничка заедница, а со ова конечно ќе исчезне проблемот со расизмот.

2. Ослабен имунитет

(2)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Бидејќи сè повеќе стануваме зависни од лекови, многу е нормално нашиот имунитет да ослаби. Замислете си иднина во која со додатоци можете да ги регулирате вашите хормони. Со текот на времето, вашето тело ќе престане да ги произведува хормоните поради овие додатоци. Процесот на создавање хормони ќе престане да се одвива бидејќи вие земате суплементи. По илјадници години сосем е возможно луѓето повеќе да не ги произведуваат хормоните во нивното тело. Исто е и со имунитетот. Ако постојано го браниме организмот од болести со помош на лекови, тогаш нема потреба од имунитет.

3. Мускулна атрофија

(3)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Постојат две сценарија во кои луѓето би ја изгубиле силата. Првото е поради зголеменото потпирање на технологијата за секојдневните работи. Машините ќе ги заменуваат луѓето за речиси сè, па ние ќе немаме потреба од користење на нашите мускули. Второто е живеење во вселената. Во ова сценарио физичката сила е речиси непотребна за секојдневните активности, па ако луѓето станат вселенски истражувачи многу е веројатно да изгубат голем дел од мускулната маса.

4. Зголемена височина

(4)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Во последните 2 века височината на просечниот човек се зголемила за 10 сантиметри. Се верува дека главната причина за ова е изобилството од храна. Во многу делови од светот гладот веќе и не постои, па колку повеќе јадат децата, толку повеќе имаат енергија за растење.

5. Исчезнување на влакната

(5)koi-se-slednite-chekori-vo-evolucijata-na-chovekot-kafepauza.mk

Факт е дека со текот на годините човечкиот вид ги изгубил густите влакна од телото. Денес жените, и помал број мажи, речиси целосно ги отстрануваат влакната од телото. Па, бидејќи тоа се смета за привлечно, може да очекуваме дека жените ќе еволуираат до степен кога влакната целосно ќе исчезнат. Кај мажите истиот процес би се одвивал побавно бидејќи тие не се под притисок да ги отстрануваат влакната.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар