Обожавате кучиња? Дефинитивно треба да го посетите овој остров полн со мали крзнени пријателчиња!
Дали вашата замисла за рај подразбира тропски остров со кристално бистри води и еден куп кучиња? Звучи неверојатно, се согласувате? Подгответе се за вистинско изненадување, бидејќи таков остров навистина постои и можете да го посетите.
Оваа земја од соништата се наоѓа на островите Туркс и Кајкос на Бахамите каде што организација по име Potcake Place обезбедува засолниште за уличните кучиња на островот. Кучињата се од расата поткејк (Potcake) којашто потекнува од неколку Карипски острови. Станува збор за мешана раса на куче што го добила името по смесата од ориз и грашок со која жителите на островот ги хранат кучињата. Иако оваа раса нема стандарден изглед, кучињата најчесто имаат долги лица, заострени уши и меко крзно.
Ова засолниште дозволува да одите на плажата и да се дружите со некое од кучињата. Слободно можете да му ја дарите вашата љубов на некое крзнено пријателче и да уживате во попладне исполнето со пливање и песок. Ако се вљубите во кученцето за време на вашата игра, можете да го посвоите бесплатно иако засолништето бара од посвојувачите да направат некаква донација за да им помогнат. Тие дури и ќе се погрижат да стигнете дома безбедно.
Сепак, постојат неколку услови што треба да ги исполните за да посвоите куче. Според веб-сајтот на организацијата мора да имате барем 25 години и сите во домот мора да разбираат дека посвојувањето куче е 10-15-годишна обврска што треба да се сфати сериозно.
Можете да побарате кои кучиња се достапни за посвојување и да отидете таму за да го запознаете вашето омилено во живо. Фактот што постои остров полн со кучиња е доволна причина зошто би требало да ги посетите Туркс и Кајкос.
Погледнете ги овие кучиња кои се едноставно премногу емотивни и слатки.