10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите

10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите

Задгробниот живот е тема која истовремено фасцинира, но и застрашува. Каде одат душите на луѓето по смртта? Што нè чека од другата страна? Дали можеме да комуницираме со душите на починатите? Дали починатите можат да оставаат пораки или пак, да ни кажат дека се присутни?

1. Шеги

(1)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Џеси Обрајан имала само 4 години кога нејзиниот татко го загубил животот во нападите на 11-ти септември. Некое време по трагедијата, нејзината мајка ја видела како разговара, навидум сама со себе, во празна соба во нивниот дом. Кога ја прашала што прави, Џеси ѝ кажала дека разговара со татко ѝ и дека тој ѝ кажувал шеги. За да ги потврди зборовите на ќерка си, Лиса ѝ покажала слика од нејзиниот татко и неговите колеги (кои го изгубиле животот тој ден). Џеси без проблем ги кажала имињата на сите луѓе на сликата, иако дел од нив не ги познавала. Џеси исто така ѝ кажала на мајка си дека често го гледала татко ѝ на лулашките кога си играла со другарчињата.

2. „Те молам внимавај“

(2)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Авторот Дин Кунц е познат по неговите морничави хорор книги. Во септември, 1988 година, Кунц станал главен лик во вистинска хорор приказна. Додека бил на работа, добил повик од некоја жена. Таа звучела како да е многу далеку, како врската да е многу лоша, но успеал да слушне дека му рекла „Те молам, внимавај.“ Тој ѝ рекол на жената да му каже која е, но таа само ги повторила истите зборови уште 3 пати и разговорот завршил. Гласот на жената бил многу сличен на мајката на Кунц, но тоа било невозможно бидејќи таа била мртва веќе 20 години.

Два дена подоцна, Кунц го посетил татко му во една здравствена установа бидејќи почнал да се однесува насилно. Како што влегол во просторијата, татко му грабнал нож и го нападнал. Кунц успеал да се одбрани и вториот пат дошол со полиција, а татко му бил присилен да се смири. Тогаш Кунц се сетил на морничавиот телефонски повик, и сфатил дека тој на некој начин му го спасил животот.

3. Тони

(3)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Во октомври, 2010 година Тони Вудманси доживеал тешка сообраќајка. Неколку дена подоцна, тој починал во болницата. На неговиот погреб, двајца пријатели на Тони ѝ кажале на мајка му дека пред несреќата се договориле да посетат медиум. Датата за сеансата излегло дека е денот на погребот на Тони. Според Сали, мајката на Тони, пријателите ѝ кажале дека тој се обидувал да стапи во контакт со неа. Таа била скептична и не ги сфатила сериозно, сè додека работите во кујната не почнале да се мрдаат сами, а телевизорот и радиото во автомобилот почнале да се вклучуваат и исклучуваат.

Исплашена, Сали отишла да го посети медиумот кој ѝ кажал дека млад маж со руса коса сакал да разговара со неа. Следното утро, Сали земала лист хартија и пенкало и почнала да „разговара“ со Тони. Таа почувствувала како нешто ѝ ја фатило раката и почнало да ја мрда. Кога го погледнала листот, на него пишувало „Тони“. Четири години по несреќата, Сали има 20 тетратки испишани од Тони. Иако многу луѓе се скептични, Сали е убедена дека нејзиниот син пишувал преку неа.

4. Порака од гробот

(4)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mk

Во 1988 година, Френк Џоунс и неговото семејство биле измачувани, најверојатно од злобен дух, во нивниот дом во Блекпул. Невидливи раце ги тргале покривките од креветот додека децата спиеле, затварале врати и ги пуштале чешмите кога никој не гледал. Ситуацијата станала толку лоша што Френк побарал помош од црквата и неговиот дом бил „исчистен“. Поминале пет години и духот не се појавил.

Но теророт не завршил овде. Неговиот син починал, а три месеци подоцна починала и неговата сопруга. Таа била закопана со нејзиниот мобилен телефон бидејќи премногу го сакала. Кратко по нејзиниот погреб, Френк забележал пропуштен повик на неговиот телефон, но телефонот воопшто не заѕвонел. Кога го проверил бројот, повикот доаѓал од неговиот дом. Но тоа било невозможно бидејќи Френк бил сам. Тогаш Френк го почувствувал парфемот на неговата сопруга. Како ова да не било доволно чудно, Френк тврди дека добивал и пораки од телефонот на жена му. Пораките содржеле фрази кои таа често ги употребувала, но бројот никогаш не се покажувал на екранот.

5. „Те гледам“

Ghost Hand Reaching Out For Laptop Computer

Џек Фрос имал проблеми со срцето, и во јуни, 2011 година починал на возраст од 32 години. Пет месеци подоцна, најдобриот пријател на Џек, Тим Харт, ги проверувал своите електронски пораки, кога наеднаш добил една од Џек. Насловот на пораката бил „Те гледам.“ Пораката содржела само 3 реченици: „Ме слушна ли? Во твојата куќа сум. Исчисти си го проклетиот таван!!!“

Тим бил преплашен бидејќи тој и Џек разговарале за неговиот таван кратко пред смртта на Џек. Џими Мекгро, братучедот на Џек, исто така тврдел дека добивал пораки од него. Во една од пораките, Џек рекол дека ќе си го скрши глуждот. Џими навистина си го скршил глуждот една недела пред да го добие морничавиот имејл.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар