Дали имате идеја каде би оделе на одмор? Не мора да размислувате повеќе, бидејќи ѕвездите можат да ја донесат таа одлука за вас. Дури и да не можете да си дозволите патување на предложените дестинации, вашиот хороскопски знак дефинитивно ќе ви открие каков одмор ви треба летово. Во продолжение, дознајте која е вашата совршена летна дестинација…rn
Овен – Мауи, Хаваи
rnОвните се постојано зафатени и полни со енергија. На овој огнен знак му треба постојана стимулација за да не му биде здодевно. Островот Мауи на Хаваи е совршеното место за одмор, бидејќи таму Овните ќе можат да пливат и сончаат на плажат, но и да се забавуваат до раните утрински часови. Зошто да не се повозите на хеликоптер и со свои очи да видите вулканска ерупција?! Звучи возбудливо, се согласувате?rn
Бик – Скијатос, Грција
rnНа Биковите им треба опуштен одмор каде што ќе можат да уживаат во добрата храна, прекрасната атмосфера и тишината. Им треба место што ќе ги заскокотка сите нивни сетила, па затоа овој мал грчки остров е совршената дестинација за нив ова лето. Одмор во текот на денот покрај маслинови дрвја и луди забави навечер. Совршена комбинација за хедонист како Бикот! Освен тоа, местото не е предалеку од дома, па овој одмор нема да ви претставува преголемо излегување од удобната зона.rn
Близнаци – Рим, Италија
rnНа Близнаците им треба место што ќе им понуди можност да се запознаат со различни луѓе од различни места. Тие обожаваат да патуваат низ светот и да пробуваат нови работи, да учат за интересни култури и да се дружат со луѓе богати со знаење и искуство. Големиот град Рим во прекрасната Италија е совршениот избор за нив. Таму постојано ќе имаат што да прават, каде да одат и и да се забавуваат.rn
Рак – Трпејца, Македонија
rnРаковите толку многу си го сакаат домот што тешко им е да го напуштат. Нивниот идеален одмор е на место што им е познато и што не е далеку од дома за да можат да останат во контакт со најблиските пријатели и семејството. Освен тоа, Ракот е воден знак па вилата која излегува директно на плажа совршено ќе му одговара. Трпејца е фантастичен избор за припадниците на овој знак, бидејќи таму ќе го најдат мирот и спокојот што очајно им треба.rn
Лав – Каиро, Египет
rnЛавовите сакаат големи и фантастични работи. Патувањето во Каиро ќе им овозможи да јаваат коњи во пустина и да се облекуваат во убава облека, а тоа ќе им помогне да го пронајдат својот внатрешен фараон. Освен тоа, Каиро има многу активен ноќен живот, па припадниците на овој знак ќе можат да излезат во град дотерани и полни со самодоверба.rn
Девица – Маракеш, Мароко
rnДевиците обожаваат да разговараат, да патуваат и да учат нови работи. Тие сакаат да посетуваат нови и интересни места каде што ќе можат да шетаат, да одат во музеи, да истражуваат и да бидат вклучени во разни активности. Мароко е совршеното место за Девиците бидејќи е богато со историја и нуди многу интересни работи како што е посета на Узудските водопади и Тајната градина во Маракеш.
Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…

