Не е едноставно како што звучи: Изберете идеална бела блуза за вашата градба на тело

Сподели

Обичната бела блуза дефинитивно би требало да се најде во сечиј гардеробер. Ова повеќенаменско парче облека можете да го носите на безброј разни начини, се вклопува во сечиј стил и одговара скоро на сите прилики, во зависност од остатокот на модната комбинација. Не станува збор за некое скапо парче облека, бидејќи има толку многу модели, па можете да ја изберете цената која најмногу ви одговара. Но, освен цената важен е и нејзиниот крој, бидејќи не одговара секому иста блуза. Главниот збор за тоа го има вашата градба, па прочитајте во продолжение како да го направите најдобриот избор…

Реклама

rn

1. Тесни раменици

rnАко вашиот горен дел од телото, поточно областа околу рамената, ви е доста тесна, најдобро ќе ви прилега најобична бела блуза со мал отвор и без јака. Овој модел визуелно ќе ги избалансира вашите пропорции, односно ќе го усклади горниот и долниот дел од телото.

rn

2. Широки рамена

rnАко сте пак малку пошироки во рамената, тогаш изберете блуза со малку поголем и подлабок, кружен израз околу вратот. Покажете дел од рамената, или клучните коски, за да создадете илузија на поженствена и понежна силуета.

rn

3. Големи гради

rnНа жените со големи гради најдобро им прилегаат бели блузи со V-израз, но не длабок, туку суптилен. Исто така, би требало да ги избегнувате затворените блузи, какви што им се препорачуваат на девојките со тесни рамена.

Преминете на следната страница за останатите совети…rn

Популарно

Може ќе ве интересира