5 научно докажани причини зошто мажите со големи носови се најдобри партнери
Дали некогаш сте забележале некој сладок дечко, но вашите пријателки ви кажале дека не е за вас бидејќи има голем нос? Време е да им докажете дека не се во право, а со вас ќе се согласат сите, од древните египетски свештеници па сѐ до Европејците од 19 век. Дури и Леонардо да Винчи верувал дека носот го одредувал карактерот на целото лице во неговите уметнички дела. Време е да заборавите на стереотипните стандарди за убавина и да ги прочитате следниве 5 научно докажани причини зошто мажите со големи носови се најдобри партнери…
1. Имаат повеќе мускули
Некои истражувања покажале дека мажите имаат поголеми носови од жените затоа што на нивните мускули им треба повеќе кислород. Истражувачите дознале дека големината на носовите кај мажите и жените е слична кога се деца. Меѓутоа, носот кај мажите почнува да расте и да станува поголем од оној на жените во адолесценцијата, бидејќи мажите генерално трошат повеќе кислород и енергија од жените за време на пубертетот. Во просек, машките носови се 10% поголеми од женските.
2. Делуваат мудро и моќно
Што имаат заедничко Адриен Броди, Марлон Брандон и Бредли Купер? Според египетските свештеници, тие поседуваат висока интелигенција. Во античка Грција и во времето на Римјаните, големиот, долг нос се сметал за симбол на сила и моќ. Што мислите, има ли вистина во сето ова?
3. Имаат повеќе среќа со парите
Според кинескиот начин на читање од лицето, познато како физиогномија, луѓето со голем нос имаат повеќе среќа со парите. Овие поединци можат да очекуваат дека богатството ќе им се зголемува како што ќе стареат. Но, физиогномијата не е единствената што ги поврзува големите носови со дебелиот паричник. Експертите во Велика Британија ги испитувале карактеристиките на најуспешните луѓе и дошле до идеалниот модел на лице кој бил предодреден за успех во бизнисот: Маж со римјански нос, широки очи и широки ноздри. Не е сѐ во парите, но дефинитивно нема ништо лошо во тоа да ги имате.
4. Нема да ве разболат
Големите носови нудат подобра заштита против бактерии, алергени и инфекции. Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Ајова, луѓето со големи носови вдишуваат речиси 7% помалку штетни честички за разлика од оние со мали носови. Кој да знае дека би можеле да имате партнер кој ќе ве штити од настинки?!
5. Имаат големо сексуално либидо
Според едно истражување објавено во списанието „Еволуција и човечко однесување“ (Evolution and Human Behaviour) големите носови се поврзани со високото ниво на тестостерон и сексуалното либидо. Кој не би сакал мажествен партнер со силна сексуална желба?!
Прочитајте и што говори обликот на носот за мажите.