13 необични работи што ги прават интровертите

13 необични работи што ги прават интровертите

Интровертите се луѓе кои уживаат во осаменоста. Тие имаат потреба да се тргнат од сите социјални интеракции што понекогаш е предност за нив. Оваа осаменост им дава време и простор за размислување за некоја ситуација и за наоѓање на некој проблем. Погледнете некои од „чудните“ работи што ги прават интровертите.

13-neobichni-raboti-koi-gi-pravat-introvertite-kafepauza.mk

1. Долг викенд без планови

Дремката е првото нешто што им паѓа на ум. Топло ќебенце и затемнета просторија – совршено.

2. Откажана забава

Серии, филмови, видео игри… никогаш не им е здодевно со себе.

3. Цел ден поминат со миленичето или со добра книга

Тие ја обожаваат тишината.

4. Слободно време за мечтаење

Мечтаењето и фантазиите се извор на креативност и решенија. Денешното општество бара социјализација и врева, но некои од најдобрите идеи не се создадени овде, тие се раѓаат во тишината и осаменоста. Дали сте знаеле дека Стив Возниак, самопрогласен интроверт, со месеци работел сам и го креирал она што подоцна станало првиот компјутер на Епл.

5. Опција за пишување имејл на некоја компанија наместо телефонски повик

Интровертите не сакаат да разговараат, па за нив е вистинска добивка кога можат да контактираат некого преку имејл или порака наместо преку телефон.

6. Состанок со себе

Интровертите уживаат во своето друштво. Дали е тоа одење во кино или во книжарница, па дури и истражување на градот, тие обожаваат да бидат сами.

7. Игнорирање на телефонот

Тие понекогаш немаат енергија да се справуваат со сите пораки и имејлови.

8. Хобија и време за спиење како на старец

Интровертите се „стари души“. Тие сакаат да шијат, да везат, да цртаат и да прават што било што ја буди нивната креативност.

9. Одење на шопинг, но сами

За нив купувањето со пријатели е стресно. Пријателите може да ги натераат да купат работи што не им се потребни, постојано се грижат кому му е забавно, а кому здодевно, мораат да пробуваат облека пред нив… интровертите не уживаат во тоа.

10. Останување дома со партнерот наместо одење во некој гласен бар

Тие сакаат да разговараат без врева во позадина.

11. Долго возење

Тие сакаат да се возат сами бидејќи тоа им дозволува да размислуваат и да ја пуштат музиката која тие ја сакаат.

12. „Полнење“ после долг ден поминат во социјализирање

Гужвата ги изморува интровертите. После секое дружење тие имаат потреба да бидат сами.

13. Пишување

За нив е многу полесно да се изразат преку пишување наместо зборување. Тие го сакаат пишувањето бидејќи не се обраќаат директно некому и за нив тоа е најинтимната форма на комуникација. Тие исто така многу внимателно одбираат што ќе кажат, па пишувањето им дава време да размислат за тоа. Поради ова, интровертите се едни од најдобрите писатели, а овде спаѓаат Вилијам Шекспир, Толкин, па дури и Џ. К. Роулинг.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте интроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар