Убавината понекогаш има многу некоректна и ограничена дефиниција. Убави се манекенките на модните писти и згодните глумци од филмовите. Но, не е сè во подигнатите обравчиња, малите носиња, долгите нозе, тенките половини, блескавите насмевки… Еве 50 поинакви дефиниции за убавината кои со сигурност се вистинити.rnrn
rnrn1. Убаво е да се зборува друг јазик. Убаво е и само да се проба.rnrn2. Убаво е да имаш долга или кратка коса, да е црна, кафена, смеѓа или бела. Убаво е и да имаш ќелава глава.rnrn3. Ако сте поминале низ пекол во животот, убава е вашата издржливост на патот назад.rnrn4. Убаво е да се поставуваат прашања, особено „зошто?“ бидејќи љубопитноста е убава.rnrn5. Убаво е кога се плашите да направите нешто, а сепак го правите тоа.rnrn6. Убави се рамните стомаци, но убави се и големите меки мешиња.rnrn7. Убаво е да сликате на платно, да „ѕ’мкате“ на гитара, да печете леб и да играте со затворени очи.rnrn8. Убаво е сè што значи создавање на нешто.rnrn9. Убаво е вашето лице кога ќе станете од спиење. Навистина! Прашајте ја личноста што ве сака.rnrn10. Убаво е чувството кога ќе се сетите на текстот на некоја песна која сте ја слушале во 6-то одделение.rnrn11. Убаво е кога вашиот пријател е тажен и вознемирен, но вашиот глас може да го расположи.rnrn12. Убаво е кога ќе станете утрото после концерт, целите отечени и сè ве боли од играње.rnrn13. Убаво е да се смеете толку многу што ќе ви потечат солзи од очите, ќе ве заболат стомачните мускули и ќе молите да престанат да ве смеат зашто ќе се подмочате во гаќи. Да, подмочувањето во гаќи може да биде убаво.rnrn14. Убаво е да се ослободите од „отровна“ врска. Тоа е вистинско олеснување.rnrn15. Убава е интелигенцијата, сочувствувањето со другите и личните цврсти ставови. Убаво е и кога ги почитувате туѓите цврсти ставови.rnrn16. Убаво е кога носите толку добра облека, што кога некој ќе ви даде комплимент дека добро изгледате, веднаш извикувате „Знам, нели!?“, а дури потоа велите „Ммм да, фала“.rnrn17. Убаво е кога раскажувате некоја смешна ситуација или виц и толку многу се смеете, што никој не може ни да ја разбере смешката.rnrn18. Убави се вашите очи бидејќи се единствени, длабоки, љубопитни и препознатливи. Никој нема исти очи како вашите.rnrn19. Убаво е како природно нè издава нашето тело во одредени ситуации, на пример поцрвенуваме пред некој кој ни се допаѓа или два пати трепнуваме кога кажуваме лага.rnrn20. Оргазмите се убави.rnrn21. Убаво е да се чувствувате комотно со некој да седите во тишина. Како што вели една филмска изрека „Би можеле вечно да зборуваме или да молчиме и понатаму да наоѓаме теми за кои нема да зборуваме“.rnrn22. Убаво е да си ги брцнете голите стапала во песокот.rnrn23. Убаво е да побарате помош кога ви е потребна. Сите понекогаш се чувствуваме како да тонеме, но и сите сакаме да извадиме некого од неповолна ситуација.rnrn24. Убаво е да го сакате своето домашно милениче и тоа да ве сака исто толку вам.rnrn25. Убав е свежиот цвет во вашата коса.rnrn26. Убави се белезите кои сведочат за вашите животни искуства: брчките, стриите, лузните и дамките од сонцето.rnrn27. Убава е разумноста, скромноста, среќата.rnrn28. Убаво е кога ќе се испотите од напорното вежбање.rnrn29. Убаво е некому да му кажете тајна.rnrn30. Убаво е кога вашето најлошо искуство можете да го претворите во интересна и смешна приказна за раскажување.rnrn31. Убаво е да уживате во храната што ја јадете.rnrn32. Убаво е да им бидете благодарни на сите оние кои живееле пред вас и направиле нешто за да бидете таму каде што сте, такви какви што сте, на вашите родители, предци, борци за слободата на нашата земја.rnrn33. Убаво е породувањето, малку неуредно, но сепак убаво.rnrn34. Слободата е убава. Слободни сте да ги правите оние работи во животот кој ве прават вистински среќни.rnrn35. Среќата е убава.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
