Сакате бившиот да се покае поради тоа што ве изгубил? Кажете му ги овие 7 работи кога ќе се сретнете
Одите по улица и случајно налетувате на вашиот поранешен партнер. Оваа средба знае да биде многу непријатна, особено ако поминало многу време откако сте се виделе последен пат. Срцето ви чука забрзано, почнувате да се препотувате, јазикот ви се плетка и посакувате да ве голтне земјата. Меѓутоа, тоа не мора да биде така. Можете да ја преземете контролата во свои раце доколку ги следите следниве 7 совети по што вашиот бивш со сигурност ќе зажали поради тоа што ве изгубил…
1. Известете го за работите што сте ги направиле по раскинувањето
Но, немојте никако да ги употребите зборовите „Откако раскинавме“. Вашиот поранешен партнер ќе сфати дека тие работи ви се случиле по прекинувањето на врската. Задржете се на повозбудливите настани од вашиот живот и спомнете го вашето патување во некоја егзотична земја или обидот да летате со падобран.
2. Суптилно спомнете дека одлично ви оди на професионален план
Кариерата е многу важна. Ако налетате на вашиот поранешен партнер, тој сигурно ќе ве праша дали сѐ уште работите на исто место. Нема ништо лошо доколку тоа е навистина така. Само одговорете потврдно и додајте дека се борите за унапредување и дека работите на некој голем проект. Ако имате нова работа, тоа е уште подобро бидејќи тоа значи дека пробувате нови, возбудливи работи. Доколку сте невработени, само кажете дека моментално сте слободни и уживате во животот. Секој сака да ужива во животот, се согласувате?
3. Не плашете се да покажете дека сте во одлична форма
Дали вашиот поранешен партнер ќе го анализира вашето сегашно тело и ќе се навраќа на моментите кога сте воделе љубов? Апсолутно! По болното раскинување, откако ќе помине фазата на јадење сладолед и нездрава храна, повеќето луѓе почнуваат да внимаваат на исхраната и да вежбаат редовно. Ако и вие сте едни од нив, слободно спомнете го тоа за време на вашата случајна средба со бившиот. Дури и да не сте постигнале видливи резултати, дајте му до знаење дека се грижите за себе и за своето здравје.
4. Употребете еден мал психолошки трик
Доколку сакате барем малку да направите да се почувствува лошо поради тоа што сте прекинале, почнете да зборувате за вашите убави и среќни моменти додека сте биле во врска. Потсетете го колку ви било забавно и колку сте се смееле заедно. Овие позитивни сеќавања ќе му предизвикаат бура од емоции и тој барем за момент ќе посака да ве врати назад.
5. Сосема случајно спомнете го вашиот нов партнер
Направете го тоа достоинствено и употребете реченица како „Одиш накај новиот ресторан? Супер место, бев со Горан таму пред некој ден“. Немојте да објаснувате кој е Горан. Вашиот поранешен партнер не е глупав и веднаш ќе сфати за кого станува збор.
6. Спомнете ги вашите успеси
Дали волонтирате во некоја организација? Или можеби вашите текстови конечно биле објавени? Сте помогнале некому? Можете да спомнете што било. Ваквите работи ве прават подобра личност и слободно можете да разговарате за нив со поранешниот партнер.
7. Покажете му дека му посакувате сѐ најдобро
Дури и ако ова не е вистина и сѐ уште не можете да се помирите со суровиот начин на кој ви раскинал, покажете му дека ви е драго што го гледате. Однесувајте се со него како со пријател. Вашето пријателско однесување ќе го збуни и на тој начин ќе му покажете дека сте ја задржале вашата самопочит и дека сте се ослободиле од сите негативни емоции.
Не заборавајте дека поентата на овие совети не е да го направите вашиот поранешен партнер љубоморен или да му докажете дека не ви треба во животот. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ја надминете оваа непријатна средба што е можно подостоинствено и да се чувствувате добро во врска со себе. Тешко е да се разговара со човекот кој ви го скршил срцето, но ако дојде до таква ситуација, мора да ги задржите манирите и да се претставите во најдобро светло!
Доколку и вие штотуку сте поминале низ болно раскинување, прочитајте кои се 10-те безопасни работи што сите девојките ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите.