Како да носите костим, а притоа да не се чувствувате здодевно и монотоно?

Сподели

Секогаш кога ќе посакате да го носите костимот надвор од работното место или пак, да изгледате како врвните модни блогерки, лесно можете да западнете во стапицата на модната досада. Но, не мора да биде така, бидејќи ние ви предлагаме неколку совети кои ќе ја „зачинат“ вашата професионална облека така што ќе си поиграте со боите, силуетите и аксесоарите.rn

Реклама

1. Размислувајте надвор од црната боја и другите темни нијанси

rnНе велиме дека треба да избирате светли бои од виножитото, туку малку да ја зачините комбинацијата и да започнете да избирате бои кои спаѓаат надвор од традиционалните. Богатите бои, како што е бордото или маслинесто зелената, се освежувачки и со нив нема да изгледате смешно или нападно.rn

2. Облечете блуза со принт под него

rnДоколку сакате да ја носите оваа комбинација на работното место, тогаш изберете позатворена блуза, но генерално идејата е да облечете блуза или кошула со принт под сивото палто за да изгледате многу помодерно и позанимливо.rn

3. Земете ги предвид пошироките палта и панталони

rnИма време и место за молив здолништата, но како можете да кажете „не“ на панталоните со широки ногавици? За да ги избегнете коментарите од типот: „Детето ја носи облеката од својот татко“, иако е поширок, погрижете се костимот секогаш да го следи вашето тело, особено околу рамената и половината.rn

4. Комбинирајте со блуза со кратки ракави и патики

rnДоколку свилената кошула и високите потпетици не се ваш стил, тогаш костимот надополнете го со обична, бела блуза со куси ракави и едноставни патики.

Продолжете на следната страница за останатите 5 модни комбинации со костими…rn

Популарно

Може ќе ве интересира