7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Во истиот момент штом се верите, се отвора врата низ која наидува поплава од прашањата: „Дали одбравте датум?“ „Имате ли омилени ресторани?“ Каква музика ќе има на свадбата?“ „Размислуваш ли за венчаницата?“ Доколку сè уште не сте верени, тогаш можеби е време да ве предупредиме дека веднаш штом го добиете прстенот на раката, луѓето ќе почнат да очекуваат да ги знаете сите детали поврзани со свадбата и нема да прифаќаат „Не знам“ за одговор. Мразите изненадувања? Погледнете ги следниве 7 нешта на кои мора да бидете спремни доколку тој планира или пак, веќе ве побарал за сопруга.

1. Има големи шанси дека ноктите ќе ви бидат несредени

(1) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Или дека косата ќе ви биде мрсна, а згора на сè носите и пижами. Можеби дури и ќе имате мозолче на лицето. Не судиме, знаеме дека сигурно сте планирале да го прошетате кучето низ маало. Обидете се да заборавите на запросувањето од фантазиите, бидејќи големи се шансите дека тоа нема да се случи. И тоа е сосема во ред. Плус, приказната со пижамите е многу подобра за раскажување!

2. Сосема е во ред заедно да го изберете прстенот

(2) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Постои погрешно сфаќање дека сите „добри“ запросувања дошле во форма на изненадување. Реалноста е дека нема ништо лошо во тоа да комуницирате повеќе на оваа тема. Избирањето заедно прстен не само што има смисла, бидејќи ќе се погрижите да ви одговара на прстот и буџетот, туку може да биде и дел од вашата љубовна приказна. Попладневна прошетка низ златарите, по што следува романтична вечера? Зарем има нешто подобро? Покрај тоа, само затоа што сте избрале прстен не значи и дека одма ќе го добиете, па сепак моментот може да остане како изненадување.

3. Подгответе се за совети што не сте ги побарале

(3) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Изгледа дека одеднаш сите сакаат да помогнат, па ви се мешаат во одлуките со совети за кои тие самите сметаат дека се најдобри за вас. Да бидеме реални, вие најдобро знаете што сакате и што ви одговара, па и покрај тоа што е културно да ги ислушате, сепак имајте на ум дека е сосема во ред да кажете „Не, не ми се допаѓа таа идеја“. Доколку се согласувате со предлозите, супер, неколку пара очи плус може многу да ви помогне со организацијата, но ако нешто ви е неприфатливо, не плашете се да го искажете тоа.

4. Ќе развиете нова почит кон Пинтерест

(4) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Ако досега не сте ја разбирале опсесијата со Пинтерест, особено при организирање свадби, тогаш ви препорачуваме да си направите профил и да го доживеете ова искуство на ваша кожа. Не само што Пинтерест ќе ви даде безброј мали и креативни идеи, туку и ќе ви помогне полесно да одлучите што сакате, а што не сакате да направите на вашиот голем ден.

5. Мислите дека ќе имате контрола над финансиите? Размислете повторно

(5) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Сигурно сте биле оптимистични и во моментот кога сте почнале да ја планирате вашата свадба сте си рекле: „Супер, имаме добар буџет, можеме многу да направиме со овие пари.“ Но што поблизу ќе се приближувате до датата, толку повеќе овој ентузијазам ќе се намалува и ќе почнете да се запрашувате дали навистина ви требаат сите оние работи што сте ги замислиле, сте ги порачале или веќе сте ги добиле. Не грижете се, лесно можете да бидете понесени од лудилото на организирање свадба, па за да се заштитите, најпрво почнете со најмалите работи, а потоа движете се кон поголемите.

6. Изговарањето на зборовите „вереник“ и „вереница“ ќе ви звучи многу чудно

(6) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Ќе ви биде потребно малку време да се навикнете, но искрено, вие можете да се нарекувате онака како што вам ви е најпријатно. Само затоа што носите прстен на вашата рака, не значи и дека мора целосно да се претопите во новиот статус.

7. И за крај, вашата врска ќе остане сосема иста

(7) 7 нешта што никој не ви ги кажува за веридбата

Да, вие ќе имате дополнително парче накит, но тоа ќе биде единствената разлика меѓу вас. Само затоа што сте верени не значи и дека сè ќе се промени или пак, дека ќе се чувствувате поразлично од претходно. Вашиот партнер сè уште ќе се смее на вашите глупави шеги, а вие ќе продолжите да уживате во неговата прегратка. А за сите оние што мислат дека љубовта се зголемува по овој чин, сакајќи така да решат некој постојан проблем, жал ни е но мора да ви кажеме дека тоа не се случува. Ако сте имале проблеми досега, истите ќе останат и понатаму. Без разлика дали станува збор за веридба, брак, деца…

Ако сакате да бидете уникатни, погледнете ги овие нови адети за невообичаена свадба!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар