КАФЕ ПАУЗА

Знаете ли зошто пластичното јајце што се наоѓа во чоколадното Киндер изненадување е жолто?

Киндер јајцето е омилениот сладок десерт на секое дете, освен во Америка каде што е забрането. Тоа било создадено во Италија во 1972 година, а негов креатор е Вилијам Салис. Во почетокот, најпрво се купувало за Велигден, што се проширило како обичај ширум Италија.rnrnЗнаете ли зошто јајцето кое се наоѓа во чоколадното Киндер јајце е жолто?rnrnОва необично чоколадо со играчка внатре всушност настанало во доцните 60-ти години, а во масовна продажба се нашло дури во 1974 година. Вистинскиот назив на Киндер јајцето е „Киндер Сорпреса“, што значи Киндер изненадување, но меѓу децата и возрасните е познато како Киндер јајце.rnrnЗнаете ли зошто јајцето кое се наоѓа во чоколадното Киндер јајце е жолто?rnrnСо децении родителите им го купуваат ова слатко чоколадо на своите деца како еден вид награда, изненадување или уживање во собирање на играчките кои се наоѓаат внатре, а тие едноставно го обожаваат – како неговиот вкус, така и играчката што ја содржи.rnrnЗнаете ли зошто јајцето кое се наоѓа во чоколадното Киндер јајце е жолто?rnrnНо, знаете ли зошто јајцето во кое се наоѓа играчката е жолто? Иако навидум изгледа логично, многумина не размислуваат за тоа. Жолто е затоа што треба да изгледа како вистинска жолчка. Кога ќе се гризне чоколадното јајце, внатрешноста треба да потсетува на жолчка од вистинско јајце. Звучи логично, се согласувате? Но, сигурно досега не ви паднало на памет…