Мед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечер
Сите знаеме кои се здравствените придобивки од медот и циметот, кои обично се препорачува да се консумираат наутро. Но, ќе си направите услуга себеси, ако почнете да ја консумирате оваа комбинација секоја вечер пред спиење.
Имено, ако изедете мед и цимет пред спиење, тие ќе го поттикнат чистењето на цревата, ќе ги елиминираат габите, паразитите и другите бактерии кои се виновни за бавното варење на храната и лошиот метаболизам. Знаете што значи тоа? Тоа значи дека конечно ќе се ослободите од вишокот килограми и маснотии! Кога ќе го прочистите телото, ќе ја добиете посакуваната линија, но и ќе си го подобрите здравјето.
Луѓето кои го пробале овој рецепт, велат дека секое утро се буделе со намалена тежина, почнувајќи од првиот ден. Смесата можете да ја користите и како заштита од насобирањето масти во организмот. Ова е рецептот кој ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот ефект…
Потребни состојки:
- 200 милилитри вода
- 1/2 лажичка цимет во прав
- 1 лажичка мед
Начин на подготовка:
Во 200 милилитри зовриена вода додајте пола лажичка цимет во прав, а кога ќе се излади течноста, додајте ја и лажичката мед и ставете ја смесата во фрижидер. Утредента пред спиење направете нов пијалак, а испијте го оној што сте го ставиле во фрижидер.
Напомена: Не смеете да додавате ништо повеќе во оваа напивка и морате да ја пиете само навечер, во спротивно резултатите нема да бидат толку видливи.
Во продолжение откријте ги и другите здравствени придобивки од магичната комбинација од мед и цимет.