Пристигна новата генерација млади ѕвезди: 2017-та година ќе се врти околу нив!

Пристигна новата генерација млади ѕвезди: 2017-та година ќе се врти околу нив!

Со новата година, дојдоа и нови трендови, но и неколку нови имиња што ќе имаме можност често да ги гледаме по страниците на познатите списанија и веб-сајтови. За некои од нив сигурно веќе сте чуле, додека пак, за другите ова ќе ви биде првата информација.

Со своите единствени кариери и лукави социјални вештини, овие дами ги освојуваат социјалните мрежи како Инстаграм и Снепчет, каде што објавуваат бројни фотографии од себе, своите модни комбинации, патувања, храна, уметност и сличност… Еве за кои млади ѕвезди зборуваме.

Клара МекГрегор

Нејзиниот татко, Јуан МекГрегор, сигурно ви е веќе многу познат. Но, со оглед на тоа што младата Клара само што потпиша договор со престижна агенција за модели, и нејзиното име многу брзо ќе почне да се препознава – исто како и на татко ѝ.

A photo posted by claramcgregor (@claramcgregor) on

Тина Кунакеј

Со својот интересен изглед и препознатлива коса, Тина на својот Инстаграм профил објавува различни видови фотографии. Започнувајќи од патувањата и модните ангажмани, па сè до собирите со пријателките како Бела Хадид, како и со дечко ѝ, францускиот глумец Винсент Касел (кој ја пронашол Тина по разводот со прекрасната Моника Белучи).

Максин Ешли

Со егзотичниот изглед и бестрашната смисла за мода, Максин е пејачка што секојдневно се искачува сè повисоко на скалите кон успехот. Токму поради својата различност од останатите, што можете лесно да ја забележите на нејзиниот Инстаграм профил, ќе сфатите зошто оваа девојка ќе биде една од главните теми за разговор оваа година.

A photo posted by Maxine (@maxineashley) on

Карлота Кол

Таа истовремено е и фотограф и модел, па со помош на Инстаграм се обидува да го сподели шарениот свет на уметноста, од една поинаква страна.

A photo posted by Carlotta ツ (@carlottiica) on

Мари-Анж Каста

Помладата сестра на прекрасната манекенка Летисија, која исто така е прекрасна, неодамна сними кампања за славниот бренд Клои. Таа истовремено е и актерка и модел, а нејзиниот стил може да ви послужи како секојдневна модна инспирација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар