Науката открива: Со какви мажи можете да доживеете најинтензивен оргазам?
Науката конечно даде објаснување и за најголемото задоволство на светот! Истражувачите од Универзитетот во Албани испитале група хетеросексуални жени на кои им поставиле прашања поврзани со нивните односи, оргазми и способности на партнерот да ги доведе до оргазам. Одговорите што ги добиле не биле толку неочекувани.
Според истражувањето, жените полесно доживувале оргазам доколку нивните партнери биле богати, самоуверени и привлечни, додека, пак, интензитетот на оргазмите зависел од тоа дали го сметале мажот за згоден. Широките рамена исто така имале улога во доживувањето на сексуално задоволство.
„Интензитетот на оргазмот зависи од физичката привлечност на мажите и од тоа колку често се практикува сексот во текот на неделата“, напишале истражувачите.
Не е никакво изненадување ни тоа дека жените поредовно имале секс со мажи со добра смисла за хумор и со нив почесто доживувале оргазам.
„Добрата смисла за хумор кај мажите не само што влијае на самодовербата, туку и ја зголемува можноста жените да бидат тие што ќе иницираат секс. Освен тоа, тие имаат и поголеми шанси да ги доведат партнерките до оргазам во споредба со мажите кои имаат лоша смисла за хумор“, објасниле истражувачите.
Според ова, жените кои ги сметаат нивните партнери за физички привлечни и забавни доживуваат поинтензивни оргазми. Можеби ова воопшто не ве изненадува и веќе го знаевте, но добро е да се потсетиме на ваквите податоци со оглед на тоа што многу жени завршуваат со партнери кои не ги привлекуваат и не ги исполнуваат целосно.