3 брутално искрени причини зошто не привлекувате добри мажи

Сподели

Најголемиот проблем во модерните врски е еднаквоста. Сакаме сѐ да биде фер и праведно. Кога се караме, попрво би одбрале да бидеме во право отколку да бидеме среќни. Никој не сака да се жртвува. Токму затоа повеќето врски завршуваат поради некои ситни расправии и несогласувања, само затоа што ниту еден од партнерите не сакал да попушти.

Реклама

Безусловна љубов е кога можете да бидете, да се чувствувате и да размислувате на свој начин, а партнерот иако можеби не се согласува со вас, ќе ве сака и ќе прифати компромис. Доколку сакате да ја пронајдете оваа љубов, можеби треба го промените вашиот начин на однесување. Досега сте привлекувале само лоши момци и цврсто стоите на ставот дека сите мажи се исти. Но, проблемот можеби лежи во вас самите. Ова се 3-те главни причини зошто постојано започнувате врска со погрешни луѓе…rn

1. Се однесувате како да не ви треба маж

rnПрестанете да инсистирате вие да платите или да ја поделите сметката. Не го спречувајте партнерот доколку сака да ви ја отвори вратата. На тој начин му давате до знаење дека не ви треба, а ниту еден маж не сака да се чувствува бескорисно.rn

2. Премногу работите

rnВеќе одамна не ви се јавиле чувства за никого, бидејќи сте биле презафатени со работа. Тоа може да биде голем проблем. Обидете се да откриете што е тоа што прави да се чувствувате убаво, а што не. Најдете време за себе, животот не е само работа.rn

3. Не знаете како да прифатите љубов

rnДоколку сакате само да давате и да ја одржувате еднаквоста во врската, нема да можете да направите место за нов партнер во вашиот живот. Мажите се вљубуваат кога даваат и кога се чувствуваат корисно. Покажете му на потенцијалниот партнер дека ви треба, побарајте помош. Научете да прифаќате конкретни работи, како што се вечери, цвеќиња и подароци, но да возвраќате на апстрактен начин со зборовите „Благодарам“. Не е воопшто тешко.

Популарно

Може ќе ве интересира