Како вистинската дама се грижи за нејзиниот изглед?
Вистинската дама не ја следи модата слепо, таа нема идоли и многу добро се познава себеси. Таа е своја, не се преправа. Поимот „дама“ не е застарен и не се однесува само на жените од минатото. Вредностите кои ги подразбира се вечни и никогаш не треба да се заборават. Во тој контекст погледнете кои одлики ја красат вистинската дама и кои работи никогаш не би можеле да ги забележите кај неа…
ВИСТИНСКАТА ДАМА ИМА:
Нежни раце
Секогаш негувајте ги вашите раце. После секое миење ставајте крема, а еднаш неделно направете пилинг. Ноктите секогаш нека ви бидат лакирани, макар со безбоен лак.
Здрава коса
Косата пред сѐ треба да биде измиена, а потоа и негувана. Редовното потстрижување е задолжително бидејќи расцветените врвови не се прифатливи. Доколку се фарбате, користете квалитетна боја за коса.
Прекрасен тен
Не постои ситуација во која не можете да си дозволите себеси да го исчистите лицето наутро и навечер. Еднаш неделно правете пилинг, а доколку сте во можност, одете редовно на козметичар. Подобро е да се откажете од неколку нови парчиња облека, отколку од убава кожа.
Здрави заби
За да немате непријатен здив, морате да ги миете забите после секој оброк и притоа убаво да ги исчистите со забен конец. Редовните посети на заболекарот се подразбираат.
Добра хигиена
Доколку сакате да ја носите титулата „дама“ мора да се туширате секој ден, а понекогаш дури и по два пати. Облеката мора да биде совршено чиста и испеглана. Парфемот не мора да биде модерен, туку одберете некој што ќе ви прилега.
Вистински избор на шминка
Свечената шминка е за навечер, а суптилната за преку ден. Ова е правилото по кое се водат дамите. Боите наметнати од модните трендови не доаѓаат предвид, доколку не ви одговараат. Никогаш не ја поправајте шминката на јавно место!
ВИСТИНСКАТА ДАМА НЕМА:
Силикони
Жените со стил не се вештачки и на нив нема ништо претерано, што не може да се каже за силиконите. Немојте да бидете мрзливи и цврстите гради одржувајте ги со физички вежби и правилна нега. Големината не е важна, важно е како ги носите.
Пораснат корен на косата
Доколку се фарбате, никогаш немојте да дозволите да ви порасне коренот на косата. Тој детаљ праќа порака дека сте мрзливи, неуредни и дека не водите грижа за себе. А кој не се грижи за себе, не се грижи ни за другите.
Бркови
Редовното отстранување на вишокот влакненца од лицето е задолжително, особено над усните. Брковите се резервирани за мажите. Доколку имате погусти влакненца, депилирајте ги редовно и запаметете дека тие најмногу се гледаат кога ќе ставите пудра.
Нападен накит
Накитот не смее да биде крупен и нападен, бидејќи дамите носат само префинети модни додатоци. Бижутеријата не доаѓа предвид.
Скинати хулахопки
Хулахопките мора совршено да се припиваат за вашите нозе и никако не смее да бидат скинати. Секогаш имајте при рака резервен пар. Заборавете на импровизациите од типот: „Ќе ја сокријам дупката со лак за нокти“.