Единственото прашање што секогаш треба да го поставувате на интервјуата за работа

Единственото прашање што секогаш треба да го поставувате на интервјуата за работа

Секое интервју за работа е стресно. Сигурно се прашувате дали ќе одговорите на сите прашања како што треба или дали ќе ги поставите вистинските прашања што ќе ви помогнат да се издвоите од останатите. Без оглед на тоа за каква професија станува збор, овој едноставен совет со сигурност ќе ви помогне поуспешно да поминете на интервјуата за работа.

Единственото важно прашање што секогаш треба да го поставите на интервјуата за работа

Вие и вашиот иден работодавец имате една заедничка цел на интервјуто: Да дознаете дали би можеле успешно да работите заедно во однос на сите работни аспекти. За да откриете дали би успеале во оваа цел, постои едно клучно прашање што секогаш треба да го поставувате…

„Кој може да успее во оваа работна позиција?“, односно „Како би го дефинирале успехот за оваа работна позиција?“

Ова прашање ќе ви даде информации за работното место што ги нема на Интернет и уште поважно, ќе ви го открие мислењето на работодавецот за организацијата. Одговорот ќе ви даде значајни информации за:

  • вештините кои се потребни за таа работа
  • приоритетите во работата – на што треба да посветите најмногу време и да обрнете внимание
  • која стратегија треба да ја примените за да ја задржите работата и да станете подобри
  • каква е културата, работната етика и стилот на компанијата за која ќе работите

Доколку го поставите ова прашање, вашиот потенцијален шеф ќе види дека сериозно ја сфаќате работата бидејќи сакате да ги знаете сите детали. Вие, пак, ќе дознаете колку лесно би ви било да комуницирате со работодавецот и со другите колеги кои учествуваат во интервјуто. Не заборавајте дека најголемиот дел од времето ќе го поминувате на работното место, така што многу е важно да се чувствувате што е можно поудобно и посреќно на работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар