Овој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на развод
Овој несекојдневен дизајн ја воодушевува јавноста ширум светот, донесувајќи практично решение за клучниот проблем на разведените парови. Станува збор за куќа која лесно може да се подели на две еднакви дела. Таа е дизајнирана од страна на Студио OБА во Амстердам, со цел да ги реши проблемите на повеќето парови кои се разведуваат. Имено, куќата е замислена така да би можела да се раздели на два дела, при што паровите по разводот би можеле непречено и одвоено да живеат во својот дел од куќата.
Идејата да се создаде предбрачна куќа е на експертот Омар Кбири кој вели:
„За жал, бројот на разводи се зголемува секоја година, па затоа мислам дека овој проект е релевантен.“
Кбири својата идеја ја споделил со архитектите во студиото ОБА и од нив побарал помош при реализацијата, сметајќи дека ова ќе им ги олесни работите на многу разведени парови. Архитектите овој проект го извеле фантастично, па го нарекле „Предбрачна куќа.“
Куќата се состои од две монтажни единици кои изгледаат како една. Овие две монтажни структури со помош на едноставен механизам совршено се вклопуваат една во друга, како во прочуената игра Тетрис. Куќата е направена од едноставни елементи од карбонски влакна и дрва, за да се прилагодува на различната околина.
Кога паровите ќе одлучат повеќе да не живеат заедно, куќата ќе се подели со извлекување на двата дела кои може да стојат одвоено. Тимот планира наскоро да го тестира овој дизајн, а Омар Кбири истакнал дека веќе е во преговори со инвеститорите и дека во 2017 година очекува понуди.
Sto ima da se deli. Ke ja prodadat i ke si gi podelat parite, ne mora kukata da se deli. I onaka sekoj saka da pocne otpocetok a ne da zivee so spomenite od propadnat brak.
Добро е кога се е смислено пред нештата во идината кои можат финансиски да не депримираат па и психички.