Доцнењето на менструалниот циклус не е единствен показател за бременост. Постојат низа други рани знаци, кои доколку ги забележите на време, се одлични показатели дека сте бремени.
rn
Главоболка
rnСе менува крвниот притисок во организмот и тоа доведува до појава на главоболка.rn
Несоница
rnВообичаено почнува во третата недела по зачнувањето и е последица на зголеменото ниво на естроген и прогестерон.rn
Грчеви
rnСлични се на менструалните грчеви, но сепак можат да послужат како добар знак за рана бременост.rn
Намален апетит
rnЖените кои чувствуваат мачнина и повраќаат често, имаат и намален апетит.rn
Млечно бел исцедок
rnДоколку не ве чеша или пече, тоа е нормално. Кај многу жени ова е честа појава која трае и во текот на целата бременост.rn
Зачестено мокрење
rnМатката почнува да го притиска мочниот меур, оставајќи помалку простор за урината.rn
Чувствителност на градите
rnВашите млечни жлезди се подготвуваат за доење.rn
Брадавиците на градите стануваат потемни
rnБрадавиците и темните кругови околу нив, освен што стануваат почувствителни, вообичаено добиваат потемна боја и се зголемуваат.rn
Мачнини од силни мириси
rnПонекогаш, дури и мирисите кои претходно ви се допаѓале, можат да ви создадат мачнини.rn
Желба за одредена храна
rnНаеднаш се појавува чувство за одредена храна. Се будите ноќе и сакате да пробате чоколадо, јагоди, кисели краставици… Тоа е еден од знаците за бременост.rn
Замор
rnЗголеменото ниво на прогестерон може да предизвика замор.rn
Промена на расположението
rnРасположението во бременоста е слично на она расположение пред менструалниот циклус.rn
Одбивност кон партнерот
rnПромените во хормоните можеби ќе ви донесат потреба да бидете сами. Ви се создаваат мачнини од неговиот парфем или едноставно сакате да бидете сами? Не грижете се, ќе помине.rn
„Тврда столица“
rnОва е еден од симптомите кои укажуваат на рана бременост. Кај некои жени, таквиот проблем се провлекува во текот на целата бременост.
Доколку забележувате некои од овие рани симптоми, можете да направите тест за бременост, но најдобро би било да се посоветувате со вашиот лекар, кој ќе ве упати на понатамошни прегледи за утврдување на бременоста.

