Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Блогерката Келси Велс во последниве 18 месеци следи фитнес програма од која се гледаат одлични резултати. Но, ако мислите дека таа се грижи за нејзината тежина, тогаш без сомнение грешите.

(2) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Во својата последна објава на Инстаграм, Келси споделила 3 различни фотографии од неа во кои има 3 различни тежини: 65 килограми, 55 килограми и 63 килограми. Во најновата фотографија, каде што има 63 килограми, таа изгледа одлично и со добро обликувани мускули, за разлика од онаа каде што е најслаба, односно со 55 килограми. Исто така и на двете фотографии, изгледа како да е со истата телесна тежина.

„Сметав дека е време за пријателско, но строго потсетување“, вели таа во објавата. „Девојки, ве молам престанете да се опседнувате со бројката на вашата глупава вага. Ве молам престанете да мислите дека вашата тежина е еднаква со вашиот напредок и најмногу од сè ве молам да престанете да ѝ дозволувате на вашата тежина да има какво било влијание врз вашата самодоверба, како што ми се случуваше на мене.“

(3) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Келси ја започнала програмата за вежбање 8 недели по породувањето, кога имала 65 килограми, со висина од 170 сантиметри. Тоа се само 2 килограми помалку од нејзината моментална тежина.

„Имав 58 килограми пред да забременам, па кога почнав да вежбам, според мојата искривена перцепција, одлучив дека целта ми е да стигнам до 55 килограми со цел да можам да ги облечам моите најтесни фармерки“, објаснува таа.

(4) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Таа брзо ја постигнала посакуваната тежина, но од тогаш додала уште 8 килограми и се префрлила од XS во M.

„Конечно научив да го мерам мојот напредок според нештата кои навистина се важни – силата, способноста, издржливоста, здравјето и среќата“, пишува таа. „Никогаш порано не сум имала повеќе мускули и помалку маснотии од сега. Никогаш не сум била ни поздрава одошто сум сега. Никогаш не ми било поудобно во мојата кожа од сега. И ако не ја исфрлев вагата од мислите, одамна ќе се откажев од моето патување.“

(5) Инстаграм фитнес ѕвезда ќе ви ги сруши сите верувања за телесната тежина и добриот изглед

Таа советува да го игнорирате она мало гласче кое во вашата глава ги нагласува килограмите кои ги гледате на вагата и да се фокусирате на начинот на кој изгледате и се чувствувате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар