Кога доаѓа времето за плажа, сите „градски“ модни комбинации се префрлаат во втор план и жените најмногу размислуваат за оние во кои најдобро би изгледале покрај море или езеро. Бикини или едноделен костим за капење? Папучи или апостолки? Шешир или капа? Со цел најлесно да изберете што ќе носите оваа година со вас, ви претставуваме 3 комбинации за различни стилови кои можат да ве инспираат.rn
1. Класичен стил
rn
rnrnВо духот на најважното летно модно правило – што пошарено, толку подобро! Разнобојните бикини одлично се согласуваат со шарени апостолки, а сите оние нешта кои ги носите со вас, сместете ги во лежерна платнена чанта.rn
2. Гламурозен стил
rn
rnrnАко за време на одморот сакате да бидете на плажа, но во најпопуларниот бар, тогаш најсоодветен избор за вас е елегантно бикини во кое без проблем ќе уживате додека пиете кафе на летната тераса. Во овие моменти можете да си дозволите и малку поелегантни сандали.rn
3. Спортски стил
rn
rnrnЕдноделниот костим за капење значително го олеснува пливањето. За разлика од класичните бикини каде што често се случува „лизгање“ на горниот или долниот дел, во едноделен модел целото тело е сигурно. Спортските типови наместо чанти, најчесто одбираат ранец за плажа.
