Тотална трансформација: Претворете ја купената роденденска торта во ваше ремек-дело
Сите ние ги сакаме домашно направените торти, со домашен крем и фил, но понекогаш едноставно немаме време. За да се направи една торта потребни се пари и секако, дополнително време за целиот тој процес, а покрај тоа, тука се слаткарниците кои нудат веќе направени торти. Проблемот со нив пак е тоа што не секогаш изгледаат баш најдобро и не се вклопуваат во вашата забава. Затоа денес ви претставуваме 6 различни трансформации на купени торти.
Торта бр. 1: Животинско царство
Начин на трансформација: Најпрво, пронајдете розова или бело филувана торта. Извадете ги сите цветови или декорации од неа со помош на шпатула или нож. Измазнете го филот на деловите од кои ги извадивте декорациите. Започнете да ги редите колачите во облик на животни од горниот дел на тортата во облик на круг. Продолжете да ги редите сè додека не ги покриете и страните од тортата.
Торта бр. 2: Кенди Краш
Начин на трансформација: Започнете со која било торта. Пронајдете одредени слатки, лижавчиња, чоколадни стапчиња и буквално прекријте ја целата горна површина од тортата. Започнете со поголемите слатки, а потоа пополнувајте ги празнините со поситните. Што повеќе, толку подобро!
Торта бр. 3: Лична порака
Начин на трансформација: Започнете со каква било форма на торта, со одредена декорација која ви се допаѓа. Во обично ќесе ставете фил со омилената боја и пресечете мал дел на ќошот. Напишете интересен збор, порака, фраза… Нешто по кое сте препознатливи. Оставете на обичната торта ваш мал личен печат.
Продолжете на следната страна за останатите креативни идеи…