10-те најбарани украдени уметнички дела
Кога Мона Лиза исчезнала од Лувр во 1911-тата година, кражбата на едно од најпознатите дела на да Винчи станало глобална сензација. Се претпоставува дека Винченцо Перуџа, работник во музејот, ја криел легендарната слика во орманот за метли додека зградата не се затворила. Две години подоцна тој бил уапсен, а сликата вратена на своето место каде заедно со преостанатите уметнички креации, стои како сведоштво за неверојатниот талент и генијалност на најпознатите сликари во историјата.
Постојат голем број изгубени уметнички дела кои за жал не ја делат истата судбина со Мона Лиза и треба допрва да бидат пронајдени, па дознајте кои се 10-те најбарани меѓу нив.
1. Цвеќе од афион – Винсент ван Гог
Ова уметничко дело е украдено од музејот Махмуд Кали во Каиро, во 2010-тата година. Неговата вредност се проценува на 50 милиони американски долари.
2. Гулаб со грашок – Пабло Пикасо
Сликата настанала во 1911-та година, а станала плен на кражба во 2010-та, кога заедно со уште 4 ремек-дела исчезнала од Музејот за модерна уметност во Париз. Нејзината вредност се проценува на 100 милиони долари.
3. Концерт – Јоханес Вермер
Вермеровата слика настанала во 1664-та година, а исчезнала со уште 12 други во 1990-та во големата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер во Бостон. Се проценува на околу 200 милиони долари.
4. Бура на Галилејското море – Рембрант Хермесон ван Рејн
Ова ремек-дело од 1633-та година исчезнало заедно со претходната слика во истата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер и се проценува на 50 милиони долари.
5. Рождеството со Св. Френсис и Св. Лоренс – Караваџо
Караваџовите дела се едни од највредните во светот и токму поради таа причина се честа мета на крадците. Една успешна кражба се одиграла во 1969-тата година, кога оваа слика била украдена од ораториумот Сан Лоренцо во Палермо.
6. Праведни судии – Јан ван Ајк
Сликата настанала помеѓу 1426-тата и 1432-тата година, а била украдена во 1934-тата година од Катедралата св. Бава во Белгија.
7. Портретот на младичот – Рафаело
Ова ремек-дело настанало околу 1513-та година и се смета за едно од најважните слики во историјата на уметноста. Исчезнало во текот на Втората светска војна, откако било запленета од гестапо.
8. Мостот Чаринг-Крос, Лондон – Клод Моне
Моне го насликал познатиот циклус слики од мостот Чаринг-Крос во Лондон, во кој е прикажан во различно време од денот и од различни агли. Една од сликите била украдена од музејот Кунстал во Ротердам, во 2012-тата година.
9. Читањето на девојката во бело-жолто – Анри Матис
И оваа слика била украдена истиот ден кога била украдена претходната слика. Насликана е во 1919-тата година и се проценува на 50 милиони долари.
10. Трите студии на Лусијан Фројд – Френсис Бејкон
Сликата е украдена во 1988-та година од берлинскиот музеј Нова национална галерија и се проценува на околу 150 милиони долари.