15 работи кои и најзгодното момче ќе направат да делува непривлечно
Не е тајна дека првото нешто што го забележуваме кај спротивниот пол е неговиот изглед, насмевката, очите, телото и стилот. Сето ова е поврзано со надворешната убавина која честопати знае да излаже. По првиот одличен впечаток може да останеме разочарани веднаш штом момчето отвори уста или направи нешто крајно недолично. Ова се неколкуте работи кои веднаш можат да го срушат впечатокот за згодното момче и засекогаш да ни го сменат мислењето за него…
1. Некултурен е со келнерите
Ако е некултурен со луѓето за кои смета дека се „под“ него, тој не е добра личност и тоа е тоа. Тој очигледно нема никаква почит спрема работата на тие луѓе и не е свесен колку труд вложуваат затоа што самиот никогаш не морал да работи. Зар ви треба некој кој нема стекнато никакви работни навики и уште поважно, никакви етички вредности?!
2. Свесен е дека е згоден
Секако дека луѓето треба да имаат самодоверба и да бидат задоволни од својот изглед, но ако забележите дека тој е арогантен и има превисоко мислење за себе, тргнете се што подалеку од него. Не би сакале да морате да застанувате пред секој излог за тој да си ја намести фризурата, нели?
3. Не е доволно информиран
Не постои учтив начин да се каже ова, но нема ништо понепривлечно од момче кое е неинформирано. Ако тој не покаже познавање за основни работи и забележите дека малку бавно му оди размислувањето, подгответе се за бројни бесмислени и досадни разговори од кои и вие самите ќе почнете да се чувствувате глупаво.
4. Зборува само за себе
Ова е 2016 година и постојат мали шанси дека кој било човек нема прочитано барем 50 статии посветени на љубовните состаноци кои советуваат дека клучно е да се праша девојката да каже нешто за себе. Ако тој не покажува интерес за вас и важно му е само да си каже што нему му лежи на душичката, што ќе ви е таков човек во животот?
5. Не му е гајле за вашите потреби во кревет
Многу често згодните момци мислат дека не мора да се трудат во кревет, и сметаат дека доволно е само тоа што се привлечни. Но, ова е многу далеку од вистината! Ако тој гледа само да ги задоволи неговите потреби, а воопшто не обрнува внимание на вашите, треба да се запрашите дали навистина сакате да бидете со таков човек. Тоа зборува колку е тој себичен и колку малку му значите.
6. Мириса лошо
Лошиот мирис може да нема никаква врска со неговите хигиенски навики. Секој човек има сопствен, посебен мирис на телото, различен од останатите. Сосема е возможно мирисот на некое момче да не ви се допаѓа или да ви е чуден. Тука голема улога играат феромоните, а тоа се сексуални хормони кои предизвикуваат возбуда и привлечност. Ако мирисот на момчето едноставно не ви е по вкус, мали се шансите дека ќе останете заедно.
7. Постојано одмерува други девојки
Момчето кое е заинтересирано за вас ќе се обиде барем да создаде илузија дека не погледнува ниту една друга девојка освен вас. Ако навистина му значите тој ќе може да се контролира и ќе успее да се воздржи, бидејќи многу добро знае колку тоа ве повредува и ви ја намалува самодовербата.
8. Постојано се жали
Животот е понекогаш тежок и тоа е тоа! Во ред е понекогаш да се пожали и да ви се обрати за совет и утеха, но ако постојано го прави тоа голема е веројатноста дека ќе внесе негативност во вашиот живот. Зар навистина сакате секое утро да ви почнува со нечии поплаки како повторно не успеал да се наспие и дека сè го боли?
9. Врска нема од готвење
Далеку од тоа дека треба да биде Џејми Оливер, но треба да знае да зготви барем неколку работи добро. Не смее да очекува од вас вие цело време да готвите. Ако ништо друго, доволно е само да ви понуди помош во кујната. Готвењето заедно е навистина романтична активност која ќе ве зближи и ќе ја зацврсти вашата врска.
10. Лошо се однесува со вашето домашно милениче
Тој едноставно не смее да го навредува и да биде лош кон вашиот миленик! Можете многу да научите за некого според тоа како тој се однесува со животните, а сигурни сме дека не би сакале да бидете со некој кој не сака животни и не покажува почит кон нив.
11. Сите негови поранешни девојки ги нарекува со погрдни имиња
Без разлика на тоа како завршиле работите помеѓу нив, тој поминувал време со таа девојка и таа била дел од неговиот живот. Тоа значи дека тој мора да покаже одредена почит кон неа. Ако тој сè уште е лут на сите негови поранешни девојки, тоа значи дека тој ги нема решено проблемите од минатото и нема продолжено понатаму. А ако сите нив ги нарекува со навредливи зборови, голема е веројатноста дека и вас ве чека истата судбина.
12. Постојано е на телефон кога сте заедно
Нема никакво оправдување за тоа ако не може да го остави телефонот кога сте излезени заедно или треба да бидете сами. Тој мора да ви посвети внимание вам. Не смеете да се почувствувате како да треба да се натпреварувате со технолошки уред!
13. Не знае да се облече
Ова е веќе субјективно, но постојат работи кои едноставно се неприфатливи за сите! Која девојка сака момче кое носи чорапи и апостолки или тренерки пикнати во чорапи?!
14. На им отстапува место на постарите луѓе и бремените жени
Можеби звучи малку остро, но ова зборува дека тој ќе биде лош татко и лош сопруг.
15. Ве омаловажува
Ниту едно момче не смее да направи да се чувствувате како помалку вредни. Ако тој постојано ве критикува и понижува, особено пред други луѓе, немате што понатаму да барате со оваа личност.