Интересни начини на кои можете да носите шешири ова лето

Интересни начини на кои можете да носите шешири ова лето

Шеширот е модно парче коешто или го сакате или не го сакате. Тој дава одредена удобност, но и одговорност. Носењето шешир бара почитување одредени правила, па доколку и вие сте тип девојка којшто го обожава овој моден додаток, погледнете како да го носите ова лето.

1. Дамски шешир

Колку и да се менуваат трендовите, едно нешто успешно одолева на сите стилски промени – дамскиот шешир! Ова е единствен моден додаток којшто брзо може да ја збогати секоја комбинација. Дури и ако не сте претставнички на женственото облекување, сосема во ред е да поседувате барем еден којшто ќе го носите кога ќе се чувствувате нежно и женствено. Не чудете се ако џентлемените почнат да ви отвораат врата.

eve-kako-da-go-nosite-sheshirot-ova-leto-1

2. Шешир наместо стајлинг

Заборавете на прашањето дали шеширот е преголем. Обичните стандарди не важат кога се во прашање шеширите. Рабовите може да бидат широки онолку колку што вие сакате. Водете се според следново: Колку поголем обем, толку поголема мистерија. Исправете ги рамената и главата, нека ви се гледаат само усните. Без сомнение, ќе оставите најголем впечаток на плажа.

eve-kako-da-go-nosite-sheshirot-ova-leto-2

3. Шешир за урбано патување

Иако тогаш се одлично решение, шеширите не се резервирани само за патување. Кога ви е потребно малку возбуда и забава, ставете си шешир и преправајте се дека сте на забавно патување. Избирајте цврсти модели коишто малку ќе наликуваат на каубојски, а наместо слама, определете се за кожа или пак имитација на кожа. Комбинирајте го со вашата омилена јакна или пак со летен фустан и впуштете се во авантури.

eve-kako-da-go-nosite-sheshirot-ova-leto-3

4. Шешир со порака

Сте посакувале ли некогаш своите чувства да ги напишете на чело? Ако е така, тогаш не сте далеку. Дизајнерите ги разбираат вашите желби, па врз основа на нив подготвиле летни модни додатоци со испишани пораки. Едноставно прекрасно!

eve-kako-da-go-nosite-sheshirot-ova-leto-4


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар