6 работи со кои лесно можете да ја уништите вашата љубовна врска

6 работи со кои лесно можете да ја уништите вашата љубовна врска

Честопати ни се случува во животот да преминуваме преку некои работи, особено кога сме во љубовна врска. Лесно е да ги занемариме недостатоците на нашиот партнер и ефектот што го имаат тие на нас, дури и ако е негативен. Сите можеме да поднесуваме одредена доза негативност, но ако дозволиме таа да се натрупува, порано или подоцна ќе ја достигнеме нашата точка на вриење и сите работи што сме ги потиснувале ќе избијат на површина како вулканска ерупција.

6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врска

Сите имаме различна точка на вриење и на сите ни се случува во одредени моменти да посакаме да се откажеме и да кренеме раце од сè. Клучот лежи во тоа да го разберете она што ви се случува и да преземете соодветни мерки. Тоа е она што се нарекува компромис. Причината поради која многу врски не биле спасени, а можеле да бидат е тоа што не сме се потрудиле доволно за да го разбереме нашиот партнер. Овие неколку нешта ќе ви помогнат да разберете што се случува во главата на вашиот партнер и ќе ве спречат да направите некои работи за кои подоцна ќе зажалите бидејќи со сигурност ќе доведат до уништување на врската…

1. Не го поддржувате вашиот партнер

Секоја врска се заснова на меѓусебна поддршка. Секако дека тука голема улога имаат и пеперутките што ги чувствувате и физичката хемија што постои меѓу вас, но ништо не е поважно од тоа да се поддржувате меѓусебно. Ако не сте тука за вашиот партнер кога сте му потребни, тогаш што ќе му сте? Ако вашиот партнер повеќе пати побарал помош од вас, само за да биде разочаран, ќе направите тој да се чувствува како да не може да смета на вас. А ако тој не може да смета на вас, ќе ја побара поддршката што му треба на друго место.

2. Не му давате доволно простор

Не се работи само за физички простор, тука и за ментален и емотивен. Сите сакаме да се чувствуваме независни. Кога сме во врска, тоа чувство на целосна независност излегува низ прозор. Кога сакаме некого, нашата среќа буквално зависи од таа личност. Но, и покрај тоа ние сакаме да бидеме слободни. Сакаме да имаме физички простор за работите што обожаваме да ги правиме сами или со други луѓе од нашиот живот. Сакаме ментален и емотивен простор за да размислуваме, доживуваме и уживаме во други нешта и луѓе во нашиот живот. Ви се случило ли некогаш да размислувате за нешто што на почетокот правело да чувствувате дека тоа е најдоброто нешто што ви се случило, но со текот на времето почнало да ви претставува товар? На нашиот ум му е потребен простор за личен развој. Колкав е тој простор зависи од поединецот. Ако доволно се грижите за вашиот партнер, ќе се потрудите да разберете каков и колку простор му треба.

6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врска

3. Премногу сте љубоморни или не сте доволно љубоморни

Страста е многу важна. Ако ја има премалку, вашата врска ќе почне полека да се распаѓа, но ако ја има премногу таа ќе експлодира. Постои правилен и погрешен начин да се биде страстен. Љубомората е еден важен сегмент од сето тоа. Ако не се согласувате, одговорете на следново прашање: Зар не би биле разочарани ако дознаете дека вашиот партнер не е ни малку љубоморен кога некој друг ви се додворува? Секако дека ќе бидете барем малку повредени. Сите сакаме да бидеме независни, но сакаме и личноста во која сме вљубени да чувствува дека сме само негови и да има потреба да нè штити од сите други. Ако никогаш не покажувате љубомора тоа е исто како да не се грижите. Но, ако сте премногу љубоморни лесно можете да станете опсесивни и вашиот партнер ќе почне да се чувствува како да го гушите.

4. Не му давате на вашиот партнер чувство на сигурност

Една од нашите основни потреби е да се чувствуваме сигурни и безбедни. Ако се чувствуваме несигурни стануваме вознемирени и сакаме да побегнеме. Почнуваме да го гледаме најлошото во секоја ситуација и почнуваме да размислуваме дали можеби најдоброто решение би било да побегнеме што подалеку. Токму затоа, на вашиот партнер треба да му пружите чувство на сигурност и доверба. Како ќе го направите тоа, зависи од личноста која ја сакате. Имајте верба дека ќе го откриете начинот. Честопати доволен е само отворен разговор.

5. Не му помагате на партнерот да ужива во денот

Сите имаме лоши денови. Сите имаме денови кога чувствуваме потреба да се грижиме само за себе и не сакаме да имаме работа со никој друг. Во тие денови, потребен ни е нашиот партнер за да ни помогне да сфатиме зошто денот е прекрасен. Потребен ни е партнерот да нè развесели, да нè насмее и расположи. За да бидете таков партнер, треба да бидете несебични. Треба да занемарите колку за никаде се чувствувате вие самите и наместо тоа да се фокусирате на туѓата среќа. Секако дека ова не е секогаш возможно. Понекогаш, до гуша сме закопани во нашата сопствена несреќа што не сме способни да видиме ништо друго освен неа. Добрите вести се што имате некој во вашиот живот кој може барем за момент да ве направи среќни. Сè што треба вие да направите е да возвратите на истиот начин. Не дозволувајте проблемите во животот да уништат нешто толку прекрасно. Помогнете си еден на друг да го извлечете доброто и од најлошите ситуации.

6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врска

6. Не му помагате на вашиот партнер да се радува на утрешниот ден

Важно е да се чувствувате добро денес, но уште поважно е да се радувате на утрешниот ден. Треба да му го овозможите тоа на вашиот партнер. Треба да му дадете надеж, причина за да се буди наутро. Ако тој кога ќе ве погледне гледа неизвесна иднина исполнета со бура на емоции и несигурност, веројатноста е дека врската нема да трае. Порано или подоцна тоа ужасно утре од кое тој толку многу се плаши ќе дојде и ќе стане денес. Но, ако му дадете причина да се радува на утре, причина да го остави минатото зад себе и да ужива во моментот, со нетрпение да очекува сè што ќе ви донесе иднината, тогаш вие двајца не само што ќе создадете долготрајна љубов, туку ќе создадете иднина која ќе ги надмине сите ваши очекувања и соништа. Ако сакате да го задржите вашиот партнер, покажете му дека утрото со вас е подобро од кое било утро без вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар