Дознајте како да си угодите себеси наутро, дури и кога немате воопшто време
Секое утро станувате подоцна, брзате да се подготвите и излетувате од вратата цели во хаос. Се пронајдовте? Ова сценарио воопшто не делува релаксирачки и може да влијае на целиот ваш ден. Затоа најважно е секое утро да си одвоите по неколку минути да си угодите себеси дури и ако мислите дека немате воопшто време.
Ова сигурно ви звучи невозможно, особено затоа што зборот „угодува“ веднаш асоцира на седење во топла бања или поминување на денот во спа центар (а кој има време за тоа?!). Но, станува збор за планирање однапред и за стекнување неколку брзи ритуали кои ќе ви помогнат да се чувствувате посебно, опуштено и подготвено за новите предизвици со кои треба да се соочите дента. Денот ќе ви биде поубав затоа што ќе бидете посреќни, порелаксирани, попозитивни и поприбрани.
Ова се неколку начини кои ќе ви помогнат да имате прекрасно утро дури и ако немате воопшто време…
Ставете маска за лице
Маските за лице обично се поврзуваат со викендот или со вечерите поминати во топла бања. Но, зошто да не си ја дадете себеси истата грижа и наутро? Постојат многу едноставни маски кои нема да ви одземат ни малку време. Наш предлог е да ја пробате маската за која ќе ви бидат потребни само овесни снегулки, боровинки, мед и неколку минути. Што би можело да биде полесно од тоа?
Имајте вкусен појадок
Можеби ќе ви изгледа како да немате доволно време, но возможно е да се има вкусен појадок, како на пример вафли кои ќе ги испланирате однапред. За вафлите, чувајте однапред подготвена смеса во фрижидер и наутро само ставете ја во тостерот. Додајте овошје и ќе имате вкусен појадок за кратко време.
Истријте го телото со зрна кафе
Секако дека можете неподвижно да стоите под тушот и да размислувате за животот. Или, можете да си подарите себеси едно убаво утринско триење на телото само со зрна од кафе. Ова ќе ја направи вашата кожа помазна од кога било и веднаш ќе се чувствувате подобро.
Ставете маска за очи
Повторно маската за очи може да ви изгледа како луксуз бидејќи веднаш потсетува на ден поминат во спа центар. За среќа, овие маски се неверојатно лесни за правење. Едноставно ставете некоја додека избирате што ќе облечете и проверувате имејл. Вашите очи нема да бидат повеќе потечени и ќе бидете подготвени да го започнете денот.
Седнете за да се нашминкате
Наместо да нанесувате пудра додека панично трчате наоколу и ги облекувате чевлите, одвојте неколку минути и седнете додека се шминкате. Исто така целосно заборавете на нанесувањето маскара додека возите!
Одвојте 10 минути за медитација
Ако навистина сакате да си го направите утрото прекрасно, потрошете неколку минути за да се ослободите од менталниот багаж. Доволни ви се само 10 минути поминати во тишина со затворени очи. Според едно неодамнешно истражување луѓето кои редовно медитирале 6 недели покажале помала нервоза во стресни ситуации. Ви треба ли поголем доказ?
Побарајте масажа
Ако живеете со вашиот партнер или имате неверојатни цимери, пробајте да ги убедите да ви ги масираат рамениците неколку минути. Или набавете си личен масажер за грбот и направете го тоа сами. Во секој случај ќе го започнете денот со опуштени мускули. А има ли нешто подобро од тоа?
Прескокнете го времето поминато пред екраните
Ако сакате утрото да си го посветите на себе, тогаш немојте да гледате вести или да ја прелистувате почетната страна на Фејсбук. На тој начин вие се програмирате себеси целиот ден да робувате на технологијата, а утрото треба да биде резервирано само за вас. Пробајте да ја искористите опцијата да не ви стигнуваат нотификации за да не паднете под искушение да отворите Фејсбук или да заглавите со еден куп имејлови.
Направете си смуди
Смудито е прилично скапо за да се купи, но тоа не значи дека треба целосно да го одбегнувате. Одберете ги вашите омилени производи и направете си смуди сами. На тој начин ќе се наполните со енергија и ќе бидете свежи и подготвени за работа.
Купете си цвеќиња
Не само што свежите цвеќиња се убави за гледање, туку и нивниот сладок мирис може да ви го подобри расположението. Најновите истражувања постојано ги поврзуваат цвеќињата со општата благосостојба. Чувајте го вашето омилено цвеќе до креветот или во кујната за тоа да биде првото нешто што ќе го видите кога ќе се разбудите.
Истегнете се
Исто како со масажата, така и со кратко и брзо растегнување ќе ги опуштите мускулите и ќе се чувствувате подобро цел ден. Ова може да го правите додека сте во кревет со едноставни истегнувања на нозете и рацете. Можете да практикувате што сакате и колку долго или кратко сакате.
Следното утро пробајте да направите некои од овие работи и ќе видите како за кратко време тие ќе станат неминовен дел од вашето секојдневие и никогаш повеќе нема да имате лош ден.