Погледнете го ова слатко глувче кое сака да биде дел од реалноста
Швајцарскиот артист Лоик Арпеда без сомнение има бујна имагинација. Тој сфатил дека комбинирањето ликови нацртани на хартија со реални објекти ги прави тие да изгледаат како да се вистински суштества на кои им се случуваат настани од реалното време. Така, тој создал едно глувче по име Рикики кое има свој живот: Оди на вежбање, сака да јаде чоколадо и кикирики, па дури има и полжав како милениче, кој пак, се вика Џорџ.
„Мислам дека ќе ме убијат ако наскоро не му нацртам девојка“, се шегува Лоик, кој е среќен што Рикики ужива голема популарност на социјалните мрежи и додава дека фановите постојано го прашуваат што ќе се случи следно.
Во продолжение погледнете ја животната приказна на глувчето Рикики кое секојдневно се соочува со некој нов предизвик.