Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни карактеристики кои ја обликуваат сечија природа. За да не ги изненадите другите со брзите одлуки и однесувањето, астролозите откриваат кои се најголемите маани на хороскопските знаци за кои можете да прочитате во продолжение со цел да ги избегнете непријатните ситуации на време.

Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

Овен

Овенот ги изненадува другите со својата непромисленост, нетрпеливост и презир кон сите совети кои му се делат. Дури и ако успее да издржи и да го сослуша неговиот соговорник, повторно ќе направи сѐ по свое. Ако сте се подготвувале за вечерно излегување со некој ваш близок кој припаѓа на овој знак, очекувајте да доцни.

Бик

Бикот ги изненадува другите со своите главни адути: истрајноста, упорноста и тврдоглавоста. Вие понекогаш со денови или месеци ќе го чекате Бикот да го исполни она што го ветил, но на крајот, тој секогаш го исполнува ветеното. Кога ќе биде мрзлив за нешто, тешко е да го мрднете. Но, затоа пак кога ќе се развредни и ќе има волја за работа, може да работи како манијак.

Близнаци

Близнаците често многу брзо ги изненадуваат другите. Тие се шармантни, привлечни, информирани, начитани, и интелигентни. Но, сите овие особини кои на почетокот ве привлекле, можат да станат и едни од поголемите маани на овој знак. Припадниците постојано ќе зборуваат, ќе сакаат да се информираат од секаде, да се интересираат за сѐ и сешто и брзо ќе ја губат концентрацијата и интересот. Можете да очекувате дека тие ќе треба да го препаркираат автомобилот, токму во оној момент кога треба да се нахрани кучето или да се исчисти филтерот од машината за садови.

Рак

Додека мислите дека вашиот Рак умира од работа, тој се јавува од непознат број (нема батерија на телефонот) од некоја кафеана каде заглавил со пријателите, бидејќи тој ден времето се променило 5 пати, а во медиумите пишувало дека озонската дупка се проширила. Потоа му ја одбиле кредитната картичка во супермаркетот баш кога сакал да купи нешто за дома, а роднините постојано му досадувале. На крајот се изнервирал, ама не сакал непотребно да ве малтретира бидејќи и онака веќе сте во шок.

Лав

Лавовите се секогаш спремни да прават големи дела, но често знаат тоа да го прават само во своја корист. Тие сакаат да го поделат задоволството со вас, но очекуваат секогаш да бидете покрај нив и тие да бидат центарот на вашиот свет, па ако не сте тука во моментот кога сакале да ви дадат некоја покана и карта за филмска или театарска премиера или некој спортски натпревар, тогаш кој ви е крив.

Девица

Отмена, воздржана и рационална, Девицата често знае да изненади. Понекогаш оваа нивна рационалност може да биде претерана, но бидејќи знаете дека тука не е крајот, вие се тешите со тоа што се потсетувате дека ова е истата ваша Девица која ве спушта на земја секогаш кога премногу летате во облаци и ве чува од непромислени постапки. А, што е со чувствителноста? И тука знаат да ве изненадат, посебно ако направиле некој добар ручек или поправиле нешто сами, а вие сте се воодушевиле. Тие ќе ве гледаат во очи додека ги фалите, бидејќи ги дочекаа своите 5 минути.

Вага

Понекогаш Вагите знаат да изненадат со својата љубов кон материјалните работи кои нечесто ги ценат повеќе од времето кое го поминуваат со своите најблиски. Кога се толку радосни што купиле нешто ново на себе (на ваша сметка), а вие не сте забележале, без сомнение ќе бидете наречени неблагодарни и дека не ги заслужувате. Но, и кога сте вака изненадени и шокирани, вашата Вага ве сака толку многу, што ќе ви опрости.

Скорпија

Иако би сакале на секого да им ја кажат вистината во лице (посебно на оние луѓе кои не им се допаѓаат), вам нема да ве изненади кого Скорпијата избира да го сака, туку тоа ќе ги изненади сите други околу неа. Кога би погледнале во нејзиниот свет, би се шокирале кога ќе сфатите дека вашата Скорпија сонува за времето кога била помала, кога немала ниту кариера, ниту пари, зависела од своите родители и била заљубена до уши. Но, не во вас.

Стрелец

А, што друго да направи освен да ве изненади и шокира. Посебно ако сте нивен партнер. Па, вие не сте со кој било, вие сте нивните избраници, а Стрелецот решил да ви го разубави животот со неговото присуство и постоење. Адреналинот кој постојано струи во неговите вени ви го префрла и вам во оној момент кога, на пример, ќе седнете во неговиот автомобил или ќе посака да има деца или внуци.

Јарец

Јарецот ќе ве изненади кога со жар ќе објаснува и расчленува некои работни зафати и нови идеи, кога ќе каже дека одамна сака да ја објави книгата која ја пишувал подолго време, да го изложи своето недовршено уметничко дело, да компонира музика, да замисли некоја нова модна линија или да отпатува некаде со вас. Ако се согласите, тогаш очекувајте уште во истиот момент да го припреми теренот за заминување во Париз или Шпанија, да ги резервира картите и да се распраша за условите за престој и рекреативните понуди. Сепак, еднаш се живее.

Водолија

Можно ли е една Водолија да изненади или да шокира некој, воопшто? Се разбира дека може, и тоа знае да се случи токму во оној момент кога ќе дојде на време дома, а вие тој ден сте решиле да се откажете од идејата за заеднички ручек и сте отишле во посета на пријателите. Ќе ѝ испратите порака, а таа се разбира уредно ќе ви одговори. Вие, природно, ќе започнете да се прашувате што се крие зад ова однесување. Всушност, ништо не се случило, Водолијата е седната на двоседот и го гледа омилениот квиз. Мобилниот телефон непрекинато ѕвони, но ставен е на нечујно…

Риби

Рибите шокираат и кога делуваат конфузно и кога се навистина такви, но и кога се прават дека се такви, па ви доаѓа малку да се преиспитате бидејќи сега и вие сте збунети. Но, нив веќе им успеало да ја остварат и завршат работната идеја од која вам ви се кревала косата. А потоа, излегува дека Рибите всушност го изненадиле бизнис партнерот, а не вас, па се издишувате и повеќе не се загрижувате. Во меѓувреме, вашата љубовна партнерка веќе некому му се допаднала, додека мажите веќе успеале да ја освојат првата личност која им паднала на памет. На крајот, сите сте шокирани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар